„Лиам не сакал брачна терапија“ - Мајли Сајрус се теши во прегратката на новата девојка

Двете ставија крај на браковите, но Мајли за разделбата со Лиам на моменти делумно го обвинува и него.

liam-ne-sakal-brachna-terapija-majli-sajrus-se-teshi-vo-pregratkata-na-novata-devojka-01.jpg

Мајли Сајрус (26) ги изненади фановите откако потврди дека става крај на 7-месечниот брак со Лиам Хемсворт, неколку часа откако беше фотографирана како ја бакнува новата девојка Кејтлин Картер (30).

liam-ne-sakal-brachna-terapija-majli-sajrus-se-teshi-vo-pregratkata-na-novata-devojka-02.jpg

Тие уживаа на идиличното италијанско езеро Комо, каде ријалити ѕвездата Кејтлин сè уште го носеше свадбениот прстен од поранешниот сопруг Броди Џенер, со кого неодамна стави крај на 1-годишниот брак.

liam-ne-sakal-brachna-terapija-majli-sajrus-se-teshi-vo-pregratkata-na-novata-devojka-05.jpg

Инаку, осамнаа информации дека Мајли и Лиам се разделиле уште во јуни, но пејачката сакала да се бори за бракот, па дури предложила и брачна терапија.

Лиам не прифатил и парот продолжил по одделни патишта уште во јуни. Мајли била разочарана што тој не сака да се бори за бракот. Но, свесна дека на традиционалниот Лиам му пречи нејзината потреба да се состанува и со други мажи и жени.

liam-ne-sakal-brachna-terapija-majli-sajrus-se-teshi-vo-pregratkata-na-novata-devojka-03.jpg

Мајли и Кејтлин со години биле пријателки и веста дека двете девојки се во врска му дошла како шок на Лиам, тврди извор близок до актерот.

Сепак во неговата објава на Инстаграм по повод разделбата тој на Мајли ѝ посакува само здравје и среќа и вели дека не планира да дава никакви изјави во медиумите по повод разделбата.

Прочитајте и „Лиам се чувствува како идиот“ - зошто се разведуваат Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт?

Мајли и новата девојка уживаат на крстарење:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Скандалите на семејството на Мајли Сајрус: Татко ѝ има 27 години помлада девојка Мајката на Мајли, Тиш, е во брак со актерот Доминик Пурсел. Но, според некои изв...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
За 2 месеца ќе одлучи дали сака да го гледа татко ѝ – Сури Круз со мајка ѝ низ Њујорк, а Том Круз во... Два месеца пред да стане полнолетна, Сури Круз опуштено се шета со мајка ѝ низ Њ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg