„Лиам се чувствува како идиот“ - зошто се разведуваат Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт?
- Детали
- понеделник, 12 август 2019
Мајли Сајрус кратко по веста за разделбата се бакнува со нова девојка, додека блиските на Лиам велат дека тој тврдоглаво верувал дека таа ќе се смири покрај него. Првпат беа свршени во 2012 година.
Мајли Сајрус (26) и Лиам Хемсворт (29) се разделија по само 7 месеци брак, а веста ги изненади фановите ширум светот, но наводно луѓето блиски до нив не биле изненадени.
Откако русокосата беше фотографирана со новата девојка, таа изјави дека ќе дозволи животот самиот да си оди по неговиот тек и дека разделбата не била изненадување затоа што имале многу проблеми.
Таа порача дека промените се неизбежни.
Луѓе блиски до нив велат дека тие немале исти ставови за фундаментални работи во животот. На пример Лиам сакал да се смири и да основа семејство со Мајли, додека таа не била подготвена за тоа.
Токму тоа и била причината што имале експлозивна кавга во јули 2018 година, неколку месеци пред да се венчаат со тајна церемонија во декември. Исто така, Лиам многу сакал деца, а Мајли не била подготвена за таков чекор.
„Мајли навистина не сакаше да се омажи, но тоа како да го сфаќаа сите освен Лиам. Неговото семејство го молеше да се освести, но тој имаше верба во Мајли. Сега се чувствува како идиот“, вели извор близок до парот.
На нивното последно јавно појавување на Мет Гала, пред разводот, Лиам изгледаше неимпресионирано од однесувањето на Мајли која во свој стил беше скандалозна, го задеваше и го вадеше јазикот надвор.
„Тој навистина не ја сака таа страна од Мајли, затоа што тој е нешто сосема спротивно“, вели изворот.
Осамна и видео направено неколку дена пред парот да стави крај на својот краткотраен брак, а на видеото двајцата изгледаат далечно и студено. Мајли зјапа во својот телефон и одржува дистанца од сопругот, одејќи еден метар по него.
Инаку парот се состанува со години, за првпат се свршија во 2012 година, но потоа се разделија во септември 2013, па се смирија во 2016 година.