Како изгледа куќата во која живеела Меган Маркл пред да го запознае Хари?
- Детали
- среда, 07 август 2019
Пред да стане принцеза и да живее во дворец, Меган Маркл беше како и секоја обична девојка. Од 2011-та до 2013-та година таа живеела во Лос Анџелес со нејзиниот тогашен сопруг Tревор Енгелсон, а во продолжение погледнете како изгледал нивниот „обичен“ дом.
Куќата се наоѓа во непосредна близина на Холивуд, и тоа на место каде што се наоѓаат релативно евтини недвижнини. Парот го купил домот за „само“ 1,8 милиони долари.
Куќата во колонијален стил има површина од 210 метри квадратни, а внатрешноста е навистина модерна. Куќата има 4 спални, 4 бањи и отворено приземје со дневна соба и кујна.
Сите спални соби се наоѓаат на вториот кат и секоја си има свој тоалет. Бањата во главната спална е навистина раскошна, а подот е украсен со мозаик. На едната страна од куќата има и мала тераса со поглед кон задниот двор.
Поранешниот дом на Меган, кој деновиве повторно е на продажба, сигурно не може ни да се спореди со куќата што ја дели со Хари. Имено, само за реновирање, кралскиот пар потрошил дури 3,6 милиони долари, што е многу повеќе од продажната цена на поранешниот дом.
Спирова С. | Црнобело