„Браво храбри жени!“ - Меган Маркл за Vogue открива на кои жени им се восхитува

Војвотката од Сасекс е одбрана за гостин уредник на септемвриското издание на британскиот Вог, во кое ќе бидат вклучени и 15 жени на кои Меган им се восхитува.

megan-markl-kako-gostin-urednik-na-vog-01.jpg

На листата на Меган се наоѓаат познати жени, политичарки и активистки кои се залагаат за проблеми како климатска промена, права на трансродовите лица и прифаќање на своето тело.

Војвотката добила понуда и таа да се најде на насловната страница, но одбила бидејќи сметала дека тоа ќе биде фалење. Покрај жените на кои им се восхитува, на насловната страница ќе се наоѓа и „огледало“, односно место за читателот. Целта на ова е да се поттикнат читателите да направат некаква промена.

megan-markl-kako-gostin-urednik-na-vog-02.jpg

Меган уживала во активизмот во нејзините актерските денови, но изгледа дека и сега не се откажува од тоа.

Едвард Енинфул, уредникот на магазинот изјавил: „Како што ќе забележите од нејзината селекција, таа сака да навлезе во покомплексни проблеми, без разлика дали се за женските права, менталното здравје, расата или привилегијата. Од самиот почеток разговаравме дали и таа да биде на насловната страница или не. На крајот таа сметаше дека тоа би било фалење во овој проект. Наместо тоа, сакаше да се фокусира на жените  на коишто им се восхитува.“

megan-markl-kako-gostin-urednik-na-vog-03.jpg

За целиот проект Меган изјавила: „Изминативе 7 месеци беа наградувачки процес. Соработував со Едвард Енинфул за да го насочиме фокусот на најчитаното модно списание кон вредностите, причините и влијанието на луѓето врз денешниот свет.

Ова се жените што ги избрала Меган:

Адут Акеч, 19: Од дете бегалец до супермодел

Како дете бегалец, Акеч се преселила од Јужен Судан во Кенија, каде што нејзиното семејство било пресиромашно за да ја испрати на училиште. Кога наполнила 7 години, нејзините родители се преселиле во Австралија. На 16 години Адут станала модел и ја нарекува Наоми Кемпбел својата втора мајка.

Џема Чан, 36: Ѕвезда која сака да ги сруши расните предрасуди

Џема завршила право на Оксфорд, но се откажала од оваа професија поради шоу бизнисот. Светот ја забележал во романтичната комедија „Crazy Rich Asians“, а се појави и во овогодишниот „Captain Marvel“. 

Грета Тунберг, 16: Тинејџерка која се надева дела ќе го спаси светот

Грета ја посети Велика Британија во април и му се обрати на парламентот. Таа започна училишен штрајк за климатските промени, кој се прошири низ 112 држави. Таа патува само со воз, а во март се најде на насловната страница на магазинот Time. Истовремено , доби и номинација за Нобелова награда.

megan-markl-kako-gostin-urednik-na-vog-04.jpg

Џамила Џамил, 33: Жена која води војна против срамотењето на дебелината

Џамила ја промовира љубовта кон своето тело со нејзината кампања I Weigh.

Чимаманда Нгози Адичие, 31: Писателка која се бори против половите неправди

ТЕД говорот на Чимаманда „Сите треба да бидеме феминистки“ е прегледан над 5 милиони пати. Таа има соработувано и со Диор за маицата We Should All be Feminists.

Адвоа Абоа, 27: Модел кој се залага за менталното здравје

Адвоа страдала од депресија како тинејџерка, а поради ова почнала да користи и дрога. После предозирање и престој во психијатриска установа, сега се обидува да го промовира менталното здравје.

megan-markl-kako-gostin-urednik-na-vog-05.jpg

Вие!

Меган изјавила дека оваа фотографија е огледало на кое треба да се погледнете вие. На некој начин, ова треба да ве мотивира да направите некаква промена. Без разлика што ви приредил универзумот, Меган верува дека можете да направите што и да посакате.

Џасинда Ардерн, 39: Жената која му помогна на Нов Зеланд

Премиерката на Нов Зеланд доби многу почит за нејзината сочувствителна реакција – носење марама на главата во џамијата во која беше убиено 51 лице.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg