Како изгледа станот од 6 милиони долари во кој Новак Ѓоковиќ ќе ужива по победата на Вимблдон? (фото)
- Детали
- понеделник, 15 јули 2019
По освојувањето на шампионската титула на Вимблдон, Ѓоковиќ ќе се „рехабилитира“ во Мајами, во луксузниот стан од 6 милиони долари.
Становите во стаклената зграда на Флорида, каде тенисерот одамна поседува еден од нив, се луксузно опремени, нудат посебна приватност и се продаваат од 3 до 9 милиони долари.
Три спални соби, два приватни базена и заоблен балкон со прекрасен поглед кон море – вака изгледа станот на Новак во Мајами, кој се претпоставува дека чини 6.7 милиони долари.
Станарите имаат пристап до спа и фитнес центар, како и до приватен парк каде може да се релаксираат максимално, а имаат можност да организираат и приватно дегустирање на вино во винскиот бар.
„Бев инспириран од неверојатното ниво на услуга, ексклузивниот пристап до паркот, како и панорамскиот поглед кон копно и море. Сите овие работи овозможуваат совршен животен стил за мене и моето семејство.“ – изјавил Новак во една прилика за станот во Мајами.
Ентериерот во зградата и становите каде Ноле ќе ужива со семејството по Вимблдон:
М. М. | Црнобело