Славни личности кои се во медиумска војна со кралското семејство
- Детали
- сабота, 13 јули 2019
Зошто Хари Потер не го сака прицот Хари? По чие мислење Елизабета Втора е диктатор? Кој ги навреди сите членови на монархијата, нарекувајќи ги кловнови?
Додека половина свет со внимание ги следи буквално сите случувања поврзани со членовите на британската монархија, постојат и такви кои воопшто не се нивни фанови.
Овојпат ви издвојуваме дел од познатитњ фаци, кои воопшто не ги поднесуваат, од различни причини, а секој има дадено и своја изјава со образложение зошто е така.
Ова се славните личности кои се во медиумска војна со кралското семејство:
Даниел Редклиф
Хари Потер не го сака кралското семејство?! Добро, не баш тој, ама глумецот што го толкуваше ликот на младиот волшебник, навистина не е нивен љубител.
Иако со гордост го истакнува личниот патриотизам, Даниел Редклиф мисли дека монархијата е одговорна за повеќето негативни работи кои се одиграле во Англија.
Бидејќи делумно има и еврејски корени, актерот посебно му замери на принцот Хари, којшто на забава со маски беше облечен во нацистичка униформа.
Колин Фирт
Оскаровецот ја освои златната статуетка во 2011 година, за главна машка улога во филмот „The King’s Speech“, каде го играше кралот Џорџ VI.
За иронијата да биде поголема, глумецот воошто не е поддржувач на монархијата, па така ни на кралицата, ниту пак нејзините наследници. Колин Фирт се изјасни дека сака да гласа, а владеењето на кралското семејство го смета за сериозен политички проблем.
Тој се залагаше и за останување на Велика Британија во рамки на Европската унија. Откако се случи т.н Брегзит, заедно со семејството аплицираше за италијанско државјанство.
Расел Бренд
Комичарот и глумец, познат по тоа што нема влакна на јазикот, во повеќе наврати отворено говореше против британската кралица. На неговиот канал The Trews на YouTube, како и во книгата „Revolution“, упати остри критики на сметка на монархијата.
Истакна дека на Елизабета Втора ѝ се обраќаат со „ваше височество“, иако таа нема ништо возвишено. Расел Бренд се осврна и на пирамидалната структура на политиката, на чиј врв се наоѓа кралицата. Поради нејзиното германско наследство, ја нарече дури и нацист.
Морисеј
Некогашниот фронтмен на култниот бенд од осумдесеттите години – The Smiths – претставува најгласниот противник на британската круна од редот на познатите личности.
Тој не само што јавно говори, туку и ја испеа песната „The Queen is Dead“, која се смета за вистинска антимонархистичка химна. Морисеј има изјавено дека кралицата е ултимативен диктатор, па ако британскиот народ утре одлучи дека треба да си оди, тоа би значело крвава борба.
Критики од него не добива само Елизабета Втора, туку и нејзиниот внук Вилијам. Бидејќи е веган и голем борец за правата на животните, музичарот беше длабоко навреден и повреден кога принцот отиде на лов.
Дени Бојл
Признатиот филмски режисер е уште еден од оние кои превртуваат очи при спомнувањето на кралското семејство. Доби оскар за филмот „Slumdog Millionaire“, додека со остварувањето „127 Hours“ беше номиниран во повеќе категории.
Особено се истакна на церемонијата за отворањето на Олимписките игри во Лондон, кое исто така беше во негова режија. Без оглед на заслугите, тој категорично ја одби витешката титула, што му ја намени кралското семејство, изјавувајќи дека не му прави мерак.
Дени Бојл излезе и со прогноза, дека дури е жив, британската монархија ќе аболира.
Ноел Галагер
Славните браќа, кои порано ја сочинуваа британската поп група – Oasis – познати се по тоа што ретко кого сакаат, односно честопати се расправаат. Нивниот бенд се распадна токму поради конфликтот меѓу двајцата.
А, единствената личност кон која Ноел Галагер чувствува поголем анимозитет одошто кон брат му Лијам, дефинитивно е кралицата Елизабета Втора. Во една прилика, тој сите членови на семејството ги нарече кловнови, повикувајќи ги да се откажат од престолот.
Со оглед на фактот што е остар на јазик, во интервју за магазинот Rolling Stone даде мошне контроверзна изјава. „Не сакам членовите на кралското семејство да умрат. Само да бидат малце осакатени. Би им отсекол по некоја нога.“
М. A. | Црнобело