„Издржаа“ 20 години брак - Зошто Дејвид и Викторија Бекам се пар за пример?
- Детали
- четврток, 04 јули 2019
И покрај сите предизвици, Бекамови издржаа 20 години во брак, успешно одржувајќи го нивното семејство со 4 деца, воспитани според вистинските вредности, и покрај милионите кои ги имаат на сметка.
Парот се венчаше во 1999-та година, а покрај сите препреки, тие се едни од ретките во светот на славните кои ја одржуваат нивната љубов веќе 20 години.
Двајцата успешно ги одржуваат своите кариери и бизниси, се поддржуваат во работата, семејството секогаш го ставаат на прво место и никогаш не дозволуваат ништо да ги уништи.
По повод 20-годишнината од брак, Викторија сподели Инстаграм видео со фотки од нив низ годините, а Дејвид сподели неколку фотографии на својот профил.
Со 4 деца и бесконечно среќни, заеднички моменти, не е ни чудно што за многумина тие се пар за пример.
Неколку причини зошто сите ги обожаваат и се инспирираат од Бекамови:
Тие се совршено складен моден пар
Семејството им е секогаш на прво место и никогаш не пропуштаат шанса за заеднички активности и одмори
Имаат тетоважи кои си ги посветуваат еден на друг
Се заљубиле на прв поглед и нивната љубов трае 20 години
Дејвид секогаш ја поддржува Викторија во работата и ги следи ревиите од прв ред
Тие се моќен пар, успешни на секое поле во бизнисот, кои знаат да ги ценат вистинските вредности, иако тежат милиони
M. M. | Црнобело