Тајната на линијата на Лима
- Детали
- понеделник, 13 декември 2010
Адриана Лима, еден од најубавите ангели на светски познатиот бренд за долна облека Victoria's Secret, краде воздишки како кај мажите така и кај жените.
Во секси долна облека и раскошни крилја, Адриана едноставно владее со модната писта.
Која е тајната на нејзината совршена линија?
Кога во 1999 прв пат се појави на пистата на шоуто на Victoria's Secret, нејзините мерки беа 86-61-89. Од тогаш Адриана ниже успех за успех. Само неколку дена по раѓањето на ќерката Валентина, топ моделот веќе позираше во бикини.
Како и успева?
Додека нејзините колешки благодарение на добрите гени немаат проблем со изгледот, Адрина никогаш не крие дека за да се врати на пистата добро се изнаработила. Поминала 6 недели на строга програма за тренирање и исхрана која и тоа како се исплатела.
- Дневно Адриана не внесувала повеќе од 26gr јаглехидрати.
Секој 3 часа консумирала протеински шејк.
Прехраната и се базирала на зелен зеленчук.
Секој ден тренирала 2 часа бокс и прескокнувала јаже.
Целокупната програма се нарекува "Metagenics", а Лима назначила дека овој третман и бил навистина забавен.