Не дозволува стјуардеси во авионите, го контролира што јаде, па тој се крие со бургери – Како Џеј Ло го држи Бен Афлек „под контрола“?
- Детали
- петок, 03 ноември 2023
Џеј Ло има строги правила за Бен. Тој не смее да претерува со крофните и бургерите, па наместо тоа треба да јаде тост со авокадо, а деновиве беше фатен од папарацо фотографи како паркира среде улица за лакомо да го изеде бургерот без никој да го види. Што друго не смее да прави актерот, поради сопругата?
Џеј Ло и Бен Афлек се веќе една година во брак, но се смета дека пејачката за разлика од минатото си ја научила лекцијата, па сега со сите сили се труди да го држи „под конец“ нејзиниот сопруг и да не му дозволи повторно да ѝ избега.
Деновиве Бен беше фотографиран како неправилно го паркира својот автомобил за да јаде бургер без никој да го види, но немаше среќа.
Освен што беше опоменет од полицијата да го помести автомобилот, папараците го уловија како лакомо загризува во сендвичот и фотките се најдоа речиси во сите светски таблоиди.
Инаку, ова не е првпат актерот да биде фатен во такво издание, па логично се поставува прашањето дали тоа е поврзано со строгите правила што Џеј Ло ги наметнува во нивниот брак?
Наводно, пејачката има строги правила до кои нејзиниот сопруг мора да се придржува и да ги почитува. Кои се тие?
Нема стјуардеси во авионите
Така, откако во минатото Џеј Ло го фатила на дело нејзиниот поранешен свршеник, Алекс Родригез со една од стјуардесите, таа одлучила да не дозволи за време на нејзините и приватните летови на Бен да има стјуардеси.
Наводно, на летовите таа со себеси го носи својот личен стјуард, кој што всушност е нејзиниот личен асистент.