Викторија Бекам со стикер ја крие седата коса на помалата сестра + објави ретки фотки со братот
- Детали
- среда, 22 ноември 2023
„Сестра ти личи многу на тебе, но старее природно“, пишуваат фановите на Викторија Бекам на Инстаграм, откако таа објави семејни фотки со помалата сестра, но и нивниот брат, Кристијан.
Поранешната пејачка и модна дизајнерка, Викторија Бекам, објави неколку семејни фотографии за да ѝ го честита роденденот на својата помлада сестра, Луис Адамс.
„Се забавувавме на роденденот на Луис. Те сакаме премногу“, напиша Викторија.
Но, на една од фотките, таа со стикер „роденденска капа“ ѝ ја покри седата коса на челото на сестра си, па стана хит на интернет.
„Само на Викторија може да ѝ текне вакво нешто“, „Сестра ти личи многу на тебе, но старее природно“, пишува во коментарите.
На семејните фотки е и нивниот брат Кристијан, па многумина се изненадија дека Викторија и Луис имаат и брат.
Викторија е многу блиска со своето семејство, но ретко објавува заеднички фотографии со нив.
Веќе некое време светските медиуми шпекулираат дека Викторија не ѝ дозволува ни на Луис да објавува нивни фотографии, откако во јавноста се појавија коментари дека помладата сестра изгледа постаро од Викторија, но и коментари за естетските корекции што пејачката и дизајнерка ги направила уште на почетокот на кариерата, кога беше дел од Spice Girls.
Викторија изминатиов период е во центарот на вниманието на јавноста откако излезе документарецот за Дејвид Бекам на Netflix, а во кој тој се шегува на нејзина сметка дека татко ѝ ја возел до училиште во Rolls-Royce.
Таа ја прифати шегата на своја сметка, па направи маички со натпис My Dad Had a Rolls-Royce, кои почна да ги продава преку својот моден бренд за 110 евра.
Прочитајте и Зошто Викторија Бекам не ѝ дозволува на помладата сестра да објавува заеднички фотографии со неа?
A. J. | Црнобело