Мамини синови кои не се двојат од дома - Кои славни мажи уште живеат со родителите?

Помеѓу славните мажи се наоѓаат неколку „мамини мази“ кои не можат да се одвојат од мајките или родителите и уште живеат со нив.

mamini-sinovi-koi-ne-se-dvojat-od-doma-koi-slavni-mazhi-ushte-zhiveat-so-roditelite-01.jpg

Иако мислите дека сами уживаат во своето богатство, сепак многу славни мажи не можат да се одвојат од родителите и делат ист дом со нив.

Некои од нив се вистински мамини мази и не можат да се одвојат од мајките, други пак, им овозможуваат на родителите да живеат во луксуз, а на трети, им одговара да бидат под ист кров со родителите.

Славни мажи кои имаат над 30 години и не се брзаат да си одат од дома:

Леонардо ди Каприо

Иако досега бил со многу жени, сепак во неговото срце сè уште има место само за една жена, а тоа е неговата мајка.

Неговите родители се развеле по неговото раѓање, а неговата мајка му е целосно посветена и го придружува на речиси сите настани.

Освен тоа, таа уште живее под ист кров со синот и го штити него и домот од гласни и некултурни фанови, кои ги прска со црево ако прават метеж пред куќата.

mamini-sinovi-koi-ne-se-dvojat-od-doma-koi-slavni-mazhi-ushte-zhiveat-so-roditelite-02.jpg

Мајкл Б. Џордан

Улогата во Black Panther му донесе популарност и доволно богатство за да му се исполни сонот од детството – да им купи на родителите куќа.

Актерот живее заедно со нив, но според него, се среќаваат само во кујната и никој никому не смета. Но, секогаш има храна на дофат.

mamini-sinovi-koi-ne-se-dvojat-od-doma-koi-slavni-mazhi-ushte-zhiveat-so-roditelite-03.jpg

Бредли Купер

Откако неговиот татко починал, мајката на актерот се преселила во Лос Анџелес и заедно си помагале да ја пребродат загубата.

Тие се многу блиски и таа често го придружува синот на важни настани. Сè уште живеат заедно, а според гласините, тоа ѝ пречело на Ирина Шајк пред да се раздели со Бредли.

mamini-sinovi-koi-ne-se-dvojat-od-doma-koi-slavni-mazhi-ushte-zhiveat-so-roditelite-04.jpg

Рафаел Надал

Шпанскиот тенисер до неодамна живееше со неговите родители, бидејќи верува дека фамилијата е нешто свето, центар на неговиот живот и стабилноста.

Неговите успеси тој ги поврзуваше со поддршката која ја добива од најблиските, но разводот на неговите родители резултирал со неколку неуспеси на теренот.

Сега, откако се вери со неговата долгогодишна девојка, веројатно работите се промениле, па ќе живее со неговата партнерка.

mamini-sinovi-koi-ne-se-dvojat-od-doma-koi-slavni-mazhi-ushte-zhiveat-so-roditelite-05.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Славни личности кои си личат толку многу што и фановите не можат да ги препознаат За Пенелопе Круз и Салма Хајек како на сите да им требаат неколку секунди за да ...
Славни парови кои беа верени, но никогаш не стапија во брак (нивната ретро љубов буди носталгија) Дали некој од вас воопшто памти дека Никол Кидман и Лени Кравиц беа во врска, па...
Дома го чувала мртвото тело на син ѝ кој се самоуби – Потресни детали од мемоарите на Лиза, ќерката ... Кога имала само 10 години, дечкото на мајка ѝ ја допирал по телото, а кога пробл...
Кои светски ѕвезди се родени во знакот на Лав? (фото) Сопружниците Џенифер Лопез и Бен Афлек се родени во знакот на Лав, иако таа е во...
Ким Кардашијан се жали дека децата ѝ се надвор од контрола: „Се заклучив во бањата, не можам веќе са... „Тропаат по врата, врескаат, плачат додека не добијат iPad, а јас не можам да из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg