Познати фаци кои имале љубовна средба – и никогаш повеќе не ја повториле
Камерон Диаз и Роби Вилијамс
За односот на русокосата глумица и британскиот заводник се крена фама во 2003 година, откако и папараците беа непокането „присутни“ на нивната љубовна средба.
Камерон Диаз и Роби Вилијамс беа забележани како се држат за раце и бакнуваат на плажа. Наспроти очекувањата дека ќе прерасне во голема романса, двајцата останаа само пријатели.
До толкав степен се блиски како другари, што пејачот дури призна и дека од неа ги добива најдобрите љубовни совети, како и дека во една прилика таа му ја спасила врската.
Доналд Трамп и Кендис Берген
Гостувајќи во телевизиска емисија, поранешната манекенка и прославена актерка, на која движењето во високите политички кругови не ѝ непозната тема, ја сподели долго чуваната тајна за романтичниот состанок со актуелниот претседател на САД.
Доналд Трамп и Кендис Берген само еднаш имале средба во факултетските денови. „Дојде по мене облечен во триделен бургунди костум и лимузина во истата боја.“
На прашање од водителот дали меѓу двајцата постоела хемија, таа децидно одговори дека не дошло до никаков физички контакт. „Рано се вратив дома. Немаше ни бакнеж. Тој беше убав дечко, но се однесуваше како кретен.“
Мадона и Мајкл Џексон
Двете музички легенди ги здружија силите во 1991 година, појавувајќи се заедно на доделување на наградите Оскар. И изгледаа апсолутно совршено. Кралот и кралицата на поп музиката беа најгламурозниот пар на црвениот тепих.
Во 2006 година, Мадона одлучи да проговори што навистина се случило таа иконска вечер. „Се бакнавме во уста и со јазик. Јас го направив првиот чекор, бидејќи тој беше малку срамежлив, ама расположен да учествува. Го опуштив со чаша вино. И тоа предизвика чуда.“
Пејачката уште со доза на емоции се присетува на љубовната средба со Мајкл Џексон. Во 2018 година сподели на Инстаграм фотографија од нивната ноќ за паметење, а во описот го прогласи состанокот за „најдобар што некогаш го имала“.
Кристијан Бејл и Дру Баримор
Не е тајна дека денес славниот холивудска актер е посебно популарен кај неговите женски обожавателки. Меѓутоа, една колешка не паднала на неговиот шарм, барем не по првото видување.
Кристијан Бејл откри во разговорoт со GQ Australia дека ималe љубовна средба со Дру Баримор, кога двајцата уште биле во тинејџерските години.
„Гледавме еден ужасен хорор филм. И тоа беше тоа. Никогаш повеќе не ми се јави.“ Одговарајќи на прашање околу состанокот и како е возможно да го одбила, актерката даде краток одговор.
„Не знам! Мислам – фин беше. Но, не за да полудам по него.“
Пинк и Џои Фатон
Пејачката важи за жена која е умешна во шармирањето на славни фраери. А, во интервјуто за Glamour од 2013 година, таа обелодени дека еднаш има отидено на состанок со член на позната машка група.
Потоа си ја отвори душата дека всушност станува збор за Џои Фатон од *NSYNC, а љубовната средба им се случила во раните 2000-ти.
„Џои беше вљубен во мене. Ми купи сладолед на нашиот прв состанок. Премногу мил дечко.“ Претходно музичарот побарал дозвола од таткото на Пинк.
М. А. | Црнобело