Познати фаци кои имале љубовна средба – и никогаш повеќе не ја повториле
- Детали
- сабота, 29 јуни 2019
Чие искуство траело само една минута? На кои неспоиви ѕвезди флертот им започнал со порака, а немало никаква страст кога се виделе во живо? Од кого американскиот претседател не добил ниту бакнеж, затоа што се однесувал како „кретен“?
Ова се познатите фаци кои имале љубовна средба – и никогаш повеќе не ја повториле:
Колин Фарел и Бритни Спирс
Тој беше лошото момче од Ирска кое успешно гради кариера во Холивуд, додека таа најголемата поп принцеза на сите времиња. Оттука, не зачудува фактот што светот „полуде“ кога двајцата за првпат се појавија рака под рака во јануари 2003 година.
Колин Фарел и Бритни Спирс присуствуваа на премиерата на „The Recruit“, фотографирајќи се заедно на црвениот тепих, по што продолжиле со забавување до доцните ноќни часови.
Во јули истата година, пејачката се исповеда во разговор за магазинот W, признавајќи дека со глумецот таа вечер размениле нежности.
„Да, го бакнав. Тој е најслаткото и најжешкото нешто на светов. Ама ништо сериозно не беше.“
Ријана и Шаја Лабаф
Очевидците не можеле да си поверуваат на очите, забележувајќи ги актерот и пејачката во ресторан во Беверли Хилс. Од таа средба во 2007 година, никогаш повеќе не се видени заедно.
Ријана покасно ги демантираше гласините дека воопшто имале романтичен состанок. „Јас и Шаја сме само пријатели. Знаете, ние речиси и не се познаваме еден со друг.“
Сепак, трачевите за нивната наводна афера ги полнеа таблоидите до 2009 година.
Тогаш Лабаф во интервју за јунското издание на магазинот Playboy откри дека всушност убавицата од Барбадос него го поканила на средба.
„Бев многу возбуден кога ми стигна пораката. Но, ништо не се случи по првиот состанок. Немаше искра. Не чувствуваме страст еден кон друг на таков начин, па останавме пријатели.“
Дрејк и Тајра Бенкс
Не е тајна дека канадскиот рапер отсекогаш покажувал љубовен интерес кон претходно споменатата Ријана, како и други нејзини колешки, меѓу кои и Џенифер Лопез. Меѓутоа, вистинско изненадување е Тајра Бенкс.
Дрејк шокираше многумина во емисијата на Елен Деџенерис, неочекувано споделувајќи детали од неговиот љубовен состанок со познатата манекенка.
„Да, бев на една средба со неа. Отидовме маскирани во Дизниленд и забавно ни беше.“
На публиката не ѝ се веруваше што слуша, а истото го доживеала и другата страна, гледајќи го на малите екрани.
„Го гледав и не ми се верува. Телефонот не престана да ми ѕвони. Потоа на социјалните мрежи, на мојот Твитер и Инстаграм. Сите се изненадени. Ме прашуваат што сум носела во Дизниленд.“. На крајот потврди дека навистина се состанале.
Џенет Џексон и Метју Меконахи
Иако важи за голем заводник, оскаровецот е секогаш дискретен кога се во прашање неговите избранички. Никогаш нема искажано ни анимозитет кон ниту една од поранешните девојки.
Од друга страна, музичката дива Џенет Џексон почувствува потреба да проговори за актерот, јавно обелоденувајќи дека тие имале „нешто“ заедно. Двајцата беа фотографирани на доделувањето на наградите Греми во 2002 година.
Пејачката дури четири години потоа излезе со признание во магазинот Upscale. „Траеше само една минута, затоа се премислував да споменам.“.
Метју Меконахи, пак, непосредно по средбата имал сосема поинакво објаснување. „Слушавме музика и таа е мила дама. Но, ние не сме пар.“
Сајмон Кауел и Аманда Холден
Двајцата со години се одличен тандем во жири комисијата на шоуто за таленти „Britain's Got Talent“, а воочлива е и големата хемија меѓу нив. Но, знаевте ли дека се обиделе да станат нешто повеќе од соработници?
Сајмон Кауел и Аманда Холден имале еден состанок. Таа одбива да го нарече „љубовна средба”, туку го именува како излегување на „вечера“. Иницијатор бил продуцентот, за кого вели дека не е воопшто таков како го претставуваат медиумите.
Иако важи за студен и саркастичен судија, се покажал како мошне срамежлив во присуство на жени, па нивната вечера повеќе наликувала на групен состанок.
„Мислам дека никогаш не бил сам на љубовна средба со некого. Навистина e повлечен и не е баш добар во комуникација еден на еден.“. Зарем е можно?