Фатални мажи поради кои славните жени ги заборавија партнерите

Припадничките од понежниот пол не се дежурните „растурачки“ на холивудските врски. На листата се впишани и опасно привлечните фраери, по кои познати дами го изгубија умот, изневерувајќи ги дотогашните дечковци и сопрузи.

fatalni-mazhi-poradi-koi-slavni-zheni-gi-zaboravija-partnerite-1.png

Фаталните мажи поради кои славните жени ги заборавија партнерите се:

Бен Афлек

Се сеќавате ли на Бенифер? Латино дивата и холивудскиот глумец жареа и палеа на почетокот од новиот милениум. Бен Афлек и Џенифер Лопез беа еден од најследените парови во медиумите.

fatalni-mazhi-poradi-koi-slavni-zheni-gi-zaboravija-partnerite-2.jpg

Меѓутоа, ретки се оние што паметат дека нивната романса пламна во периодот кога пејачката уште беше мажена за вториот сопруг Крис Џад. Танчарот јавно тврдеше дека ѕвездата го изневерува со популарниот актер.

Дека всушност ја говорел вистината, се докажа по нивниот развод, кога таа и официјално започна врска со љубовникот. Идилата на Бен и Џен заврши во 2004 година, на разочарување на многумина.

fatalni-mazhi-poradi-koi-slavni-zheni-gi-zaboravija-partnerite-3.jpg

Расел Кроу

Австралискиот глумец е фаталниот маж што му пресуди на бракот помеѓу Мег Рајан и Денис Квејд. Холивудската слатка девојка го запозна славниот филмски гладијатор на снимањето заеднички филм.

fatalni-mazhi-poradi-koi-slavni-zheni-gi-zaboravija-partnerite-4.jpg

Таа не можела да одолее на шармот на Расел Кроу, па наводно започнале тајна афера. Кога јавноста откри што се случува, сопружниците веднаш побараа развод.

Од друга страна, не траеше долго ниту врската меѓу прељубниците. Во подоцнежните интервјуа, актерката призна дека ни сопругот не бил пример за лојалност. Напротив. Со години ја изневерувал, така што само попуштила пред притисокот.

fatalni-mazhi-poradi-koi-slavni-zheni-gi-zaboravija-partnerite-5.jpg

Еди Сибриан

Тие се доказ дека врската може да опстои, дури и ако започне со неверство. Еди Сибриан и Лиен Рајмс се запознале додека заедно соработуваа на телевизискиот филм „Northern Lights“ во 2009 година.

fatalni-mazhi-poradi-koi-slavni-zheni-gi-zaboravija-partnerite-6.jpg

Американската пејачка и глумецот лудо се вљубиле еден во друг, иако обајцата беа во брак. Таа во тоа време беше мажена за танчарот Дин Шеремет, а тој за глумицата Бренди Гленвил.

Откако се разведоа од своите партнери, ѕвездите се заколнаа на вечна љубов, којашто трае и денес.

fatalni-mazhi-poradi-koi-slavni-zheni-gi-zaboravija-partnerite-7.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Татко му бил убиен од бивша девојка – Тажни детали од животот на Еди Марфи Еди Марфи го загубил татко му кога имал само осум години. Тој бил убиен од жена ...
9 познати дами кои изгледаат како да го имаат еликсирот за вечна младост  Рис Витерспун на 48 години изгледа како девојка во 30-тите години, Калиопи на 57...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg