Славни брачни двојки чија врска започна со неверство
- Детали
- вторник, 20 февруари 2018
Не се гради среќа на туѓа несреќа. Сепак, наспроти старата поговорка, мноштво врски и бракови на познатите парови се родија токму од прељуба. Па, од љубовници станаа сопружници. Но, колку од прељубниците и останаа заедно?
Можно ли е љубовната врска која започнала со неверство да потрае на долги патеки? Експертите велат дека тоа е условено од повеќе различни фактори. А, успехот на таквите врски зависи од ситуација до ситуација.
Доколку самата афера започнала исклучиво поради потребата од краткотрајна разонода, веројатноста дека односот ќе прерасне во квалитетна и стабилна врска е навистина мала.
Меѓутоа, ако поединците кои го вршат неверството, во новите љубовници го бараат сето она што не го добиваат од партнерот, односно партнерката, очекувајќи поквалитетен однос, тогаш нивната врска може да има иднина.
Љубовниот триаголник помеѓу Џенифер Анистон, Бред Пит и Анџелина Џоли ги полнеше страниците на весниците во 2005 година.
Бред и Џенифер беа пет години во брак, кога актерот започна со снимање на филмот „Mr. & Mrs. Smith“, каде главната женска улога ја имаше занесната Анџелина.
Набрзо, светската јавност ја изненади веста дека навидум складниот брачен пар се разведува. Подоцна, пак, се дозна и зошто. Причината беше фаталната глумица.
По сопствено признание, Бред и Анџелина се вљубиле на филмскиот сет.
Заедно посвоија две деца, а добија и три биолошки. Во 2014 година, тие си го изрекоа судбоносното „да“ на интимна церемонија во Франција. Но, бракот не издржа, па двојката се разведе две години подоцна.
Многумина ја сожалуваа Џенифер Анистон за неверството на сопругот. Сепак, она што малкумина го знаат е дека и нејзиниот втор брак започна со прељуба.
Имено, американската актерка се вљуби во Џастин Теру за време на снимањето на филмот „Wanderlust“, додека тој беше сѐ уште во љубов со костимографката Хајди Бивенс. Беа 14 години заедно, по што врската беше нагло прекината, токму заради Анистон.
Филмската ѕвезда и 46-годишниот глумец тајно се венчаа во 2015 година, ама и тие деновиве соопштија дека се разведуваат.
Кои се и останатите славни парови на листата? Дали се и понатаму во брак? Прочитајте во продолжение:
Дени Модер и Џулија Робертс
Години во брак: 2002 – денес
Принцот Чарлс и Камила
Години во брак: 2005 – денес
Антонио Бандерас и Мелани Грифит
Години во брак: 1996–2015
Бред Пит и Анџелина Џоли
Години во брак: 2014–2016
Бритни Спирс и Кевин Федерлајн
Години во брак: 2004 – 2007
Рејчел Вајс и Даниел Крег
Години во брак: 2011 – денес
Џастин Теру и Џенифер Анистон
Години во брак: 2015 – 2018
Џони Деп и Амбер Херд
Години во брак: 2015–2017
Еди Сибриан и Лиен Рајмс
Години во брак: 2011 – денес
Блејк Шелтон и Миранда Ламберт
Години во брак: 2011–2015
М. А. | Црнобело