12 срамни фотки кои не смее да ги види ќерката на Кајли Џенер
- Детали
- среда, 05 јуни 2019
Старлетата денес е навидум грижлив родител на малечката Сторми Вебстер. Меѓутоа, постојат грешки од минатото кои засекогаш ќе ја следат младата мајка.
Познатата членка на семејството Кардашијан роди дете со навршени дваесет години. Ѕвездата на реалното шоу во меѓувреме создаде огромно богатство со пробивот во козметичката индустрија и се оствари на професионален план.
Од друга страна, таа израсна пред очите на јавноста, па сведоци сме и за низата скандалозни однесувања од тогашната тинејџерка. Покрај интимната врска со осум години постариот Тајга, не беше за пример уште во многу други ситуации.
Ова се дванесетте срамни фотки кои не смее да ги види ќерката на Кајли Џенер:
1. Кога објави фотка во кревет со голиот син на Вил Смит, навестувајќи дека се нешто повеќе од другари.
Тогаш имаше само 15 години, а мајка ѝ Крис Џенер беше оправдано бесна. Ниту јавноста не ја поштеди од критики за неумесниот потег.
2. Кога конечно на целиот свет и преку социјалните мрежи му покажа дека пие алкохол од рана возраст.
Претходно разгалената тинејџерка се колнеше дека го чека полнолетството за да открие каков е вкусот.
3. Кога на шега се обиде да го негира она што сите на прв поглед помислија дека се случило со нејзините фармерки.
Кајли Џенер во своја одбрана напиша дека е малер, па редовно се потура себеси со пијалаци во автомобилот.
4. Кога како шеснаесетгодишничка не се прослави зад воланот.
Две недели по добивањето на возачката дозвола, Кајли Џенер предизвика верижен судар. И уште една сообраќајна незгода подоцна со новиот автомобил што го доби на подарок.
5. Кога буквално не можеше да се исконтролира себеси.
Старлетата ја загуби рамнотежата на забава во Холивуд. Можно е да имала проблеми со чевлите, ама поголема е веројатноста дека сепак испила некоја чашка повеќе.
6. Кога папараците ги затекнаа неа и Кендал во бесознание на задното седиште од автомобил.
Во нивна заштита се јави проблематичниот зет Скот Дисик, иако остана нејасно како обете малолетнички воопшто завршиле во таква состојба.