Како Џејсон Момоа ја добил епската лузна на лицето?
- Детали
- понеделник, 24 јуни 2019
На шега вели дека среќа што се оженил пред да ја добие лузната, но всушност лузната е заштитен знак на неговиот сексапил.
Џејсон Момоа изгледа привлечно и мажествено и најверојатно сте ја забележале лузната што ја има дијагонално на неговата лева веѓа.
Таа дефинитивно одлично го дополнува неговиот секси изглед.
Но, како актерот ја добил оваа лузна?
Тоа се случило во 2008 година кога Џејсон бил во еден бар и добил удар во окото со чаша, која се распрснала на сите страни.
Џејсон за еден американски магазин откри дека му биле ставени 140 конци, но дека неговиот изглед сега му се допаѓа.
„Ме викаа „убавото момче“ цел живот и ако ништо друго знаев дека повеќе нема да ме викаат така“, изјави Момоа.
Момоа некогаш и сега:
С. С. | Црнобело