Најдобро облечени на Оскар 2008
- Детали
- петок, 07 март 2008
Во споредба со минатогодишните доделувања на Оскар, кога владееше златната боја, оваа година тепихот беше преполн со изненадувачки, пердувести детали и занимливи креации.
Еве неколку фустани кои според мислењето на стручњаците и стилистите се добро одбрани за оваа пригода.
10. Кејт Бланшет секако го одбра најдобриот труднички фустан кој е виден до сега.
9. Хајди Клум беше во фустан дизајниран од Галијано. На креаторот му тргна од рака подигнатиот околувратник да го направи гламурозен, а Хајди и овој пат го потсети светот зошто е супермодел.
8. Кетрин Хајгл носеше фустан со прерамки на едното рамо-најсовршен фустан за една блондинка.
7. Ејми Адамс беше во креација на Проенцо Шолдер со горен дел кој на многумина им помогна за миг да заборават на бојата на нејзиниот глас додека даваше интервју.
6. Калиста Флокхарт во својаот сиво-бел таласаст фустан овој пат изгледаше многу помалку слаба и многу понормално.
Не пропуштајте ги преостанатите 5...