Кои од нашите омилени ТВ ликови се всушност базирани на вистински личности?
Козмо Крејмер, серија: Seinfeld
Можеби ви се чини како да е невозможно овој човек да постои, но тој е базиран на стендап комичарот Кени Крејмер, којшто бил пријател и сосед на кокреаторот на шоуто, Лери Дејвид. Сепак, за потребите на ликот, голем дел од тиковите ги креирал самиот актер којшто го глумел, Мајкл Ричардс.
Лушс Лајон, серија: Empire
Дени Стронг, ко-креаторот на серијата, тврди дека Лушс Лајон е базиран делумно на Џеј Зи и на сличната историја на неговата кариера. Покрај тоа најверојатно ликот е спој на уште неколку познати музички имиња како 50 Cent, како Шон „Диди“ Комбс.
Али Џи, серија: Da Ali G Show
Саша Барон Коен има креирано мноштво карактери толку добро што секогаш успева да ги излаже неговите соговорници дека зборуваат со вистинска личност.
Еден од најпопуларните карактери е Али Џи којшто е базиран на карактер од британското радио, диџејот и радио водител Тим Вествуд, којшто зборувал со лажен акцент и се облекувал според уличната мода иако е пораснат во семејство на свештеник.
Тони Сопрано, серија: The Sopranos
Винсент „Вини Оушн“ Палермо бил вистински мафијашки бос во Њу Џерси, и воедно инспирација за креирањето на карактерот на Сопрано. Слично како и Сопрано, така и Вини исчезнал со помош на програмата за заштита на сведоци.
(О)Милена | Црнобело