Кои од нашите омилени ТВ ликови се всушност базирани на вистински личности?
- Детали
- сабота, 16 март 2019
Уметноста го имитира животот. Тоа е едно од објаснувањата за постоењето на сличностите на телевизиските серии со секојдневните случувања.
Сепак, велат дека реалноста е честопати почудна од фикцијата, па затоа немојте да се изненадите кога ќе дознаете кои од нашите омилени ТВ карактери се базирани на вистински личности:
Дон Дрејпер, серија: Mad Men
Дон Дрејпер е базиран делумно на Дрејпер Даниелс, легенда во рекламниот бизнис во ’50-тите години којшто работел за разни познати клиенти, а негова заслуга е креирањето на Marlboro Man кампањата.
Остатокот од карактерот најверојатно е базиран на Џорџ Луис, човекот зад кампањите на Xerox и можеби најпознатата „I Want My MTV“ на музичкиот канал MTV.
Оливија Поуп, серија: Scandal
Тешко е да се поверува дека навистина постои убава и моќна жена, којашто ги решава сите проблеми на елитата. Сепак, карактерот на Оливија Поуп е базиран на менаџерот за кризи Џуди Смит.
Можеби кариерата на Џуди немала така сочни или убиствени случки, а најверојатно немала ни афера со претседателот, но секако имала сериозни скандали како оние на Моника Левински, Весли Снајпс и Мајкл Вик, а дури има работено и како заменик-секретар на Џорџ Буш.
Пајпер Чепмен, серија: Orange is the New Black
Доколку сте ја гледале серијата сигурно веќе знаете дека карактерот на Пајпер Чепмен е базиран на Пајпер Керман и нејзината книга којашто го опишува животот во женски затвор. Се разбира, серијата е малку „дотерана“, но некои од настаните и моментите со расизмот се базирани на личните искуства на писателката.
Винсент Чејс, серија: Entourage
Целата приказна, како и главниот карактер се базирани на вистинската животна приказна на Марк Волберг, којшто е извршен продуцент на серијата. Волберг вели дека покрај главниот карактер, исто така, и дел од пријателите се базирани на неговите вистински пријатели, како и луѓе со кои работел во Холивуд.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





