Не постои работно време, расфрлани шминки и вештачки трепки: Персоналот на Кардашијанс открива детални тајни
- Детали
- среда, 06 февруари 2019
Најпопуларното семејство има пребукиран календар со обврски, па очигледно е дека персоналот и помошниците им се и повеќе од потребни.
Совршено среден дом, цветни аранжмани, полни тегли со колачиња, многу деца, никој не се нервира за пазарење, а фрижидерите им се секогаш преполни – сте помислиле ли како успеваат во сето тоа Кардашијанс?
Семејството Кардашијан има персонал кој мора строго да се придржува до многу правила и да се грижи за сите овие работи.
Иако мора да се придржуваат до многу строги правила, сепак, понекогаш, никој не може да ги спречи да зборуваат и да откријат по некоја тајна.
Дадилките и помошниците откриваат некои детали кои ги научиле при работата за Кардашијанс:
1. Кога Ким објавува Instagram Stories или видеа на Snapchat со децата, три дадилки се врткаат наоколу и ако детето почне да плаче или да прави нешто што не треба, веднаш го тргаат.
2. Една дадилка открива дека Кортни ја терала да ѝ се обраќа со „мадам“, а ако не ѝ се обрати така, резултирало со испади.
3. Асистентка на Кајли открива дека таа има премногу барања и дека ѝ бара исто смути секое утро, а кога ќе ја праша кој вкус, одговара со „треба да знаеш кој вкус“.
4. Кога најблиската асистентка на Ким го напушти семејството откри многу детали: „Ја ѝ го правев цел распоред, ѝ ја перев облеката, ѝ ги закажував патувањата, ја склопував количката за децата и уште многу други работи.“
5. За време на породувањето тие се однесуваат како болницата да е хотел – Кајли го изнајмила цел кат и барала полн бар со грицки, а Клое барала када соодветна за породување под вода.