„Некој не бил среќен што го вадат од плакар“ – Кејт Мидлтон го носи „најлутиот“ фустан (фото)
- Детали
- среда, 06 февруари 2019
Кога еднаш ќе го видите, нема да може да престанете да го гледате најлутиот фустан на светот, кој го носи Кејт Мидлтон.
Војвотката од Кембриџ, за посетата на училиште во Лондон, облекла зелен фустан од 2.700 евра, но една мала утка во креацијата не помина незабележано.
Кејт очигледно не забележала дека она што треба да наликува на џебови на фустанот, всушност личи на очи на луто лице, а твитерџиите не пропуштија шанса да се пошегуваат.
„Некој не бил среќен што е изваден од плакар утрово... најлутиот фустан на светот“ – вака гласи твитот кој посочи на грешката во изгледот на Кејт.
https://twitter.com/Sairajasmin/status/1092793507209756674?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1092793507209756674&ref_url=https%3A%2F%2Fau.lifestyle.yahoo.com%2Finternet-goes-wild-angry-face-kates-designer-dress-223752849.html
Како што се движела и застанувала во различни пози, така „лутото лице“ секој пат добивало нова форма, па војвотката брзо стана мета на смешни критики.
Kate’s dress was really not enjoying its day out 😠 #KateMiddleton #greendress #grumpy #grumpydress #DuchessofCambridge pic.twitter.com/O2tbQYH1tv
— Penjelopie 🏴 🇬🇧 🇺🇦 (@penelopedw) February 5, 2019
Погледнете како изгледа 37-годишната војвотка во најлутиот фустан:
М. М. | Црнобело