63-годишната Крис Џенер веќе четири години е вљубена во 38-годишното момче - кој е Кори Гамбл (фото)
- Детали
- понеделник, 03 декември 2018
Крис Џенер веќе 4 години е во врска со младиот Кори Гамбл, вели дека не планира да ѝ биде сопруг и открива дека со него го има најдобриот секс во животот.
Крис Џенер (63) се состанува со 38-годишниот менаџер на познати личности Кори Гембл. Тој е врсник на нејзината ќерка Ким Кардашијан.
Крис и Кори се запознаа во 2014 година на една забава, а годинава имаше гласини дека парот се свршил, поради огромниот дијамантски прстен на раката на Крис, но таа изјави дека досега 2 пати пробала да биде во брак, не ѝ успеало и сега за сега не планира повторно.
Иако, се состануваат веќе 4 години Крис и Кори се обидуваат да ја држат врската на страна од медиумите.
Кори не сака многу забави, се дружи со Џастин Бибер, обожава скијање и неговата поранешна девојка во 2010 година побарала привремена забрана за доближување за Кори со обвинение дека тој ја следел.
Во една пригода Крис изјави дека со него го имала најдобриот секс во животот.
Како изгледа вљубениот пар:
С. С. | Црнобело