Од улица до црвен тепих: Ѕвезди чија слава е резултат на чиста среќа
Елен Помпео (49)
Таа стекна интернационална слава со улогата на докторката Мередит Греј од „Grey's Anatomy“. Во текот на ’90-тите години, пак, Елен Помпео заработувала за живот како келнерка во кафуле. Таму ја запознал моден фотограф, со кого започнала љубовна врска.
Заедно се преселиле во Њујорк, каде започнала да гради кариера. Првин снимала реклами, а потоа добила ангажман во серијата „Law & Order“.
Џони Деп (55)
Привлечниот актер бил вистински бунтовник во младоста. Верувал дека ќе стане рок ѕвезда, а со бендот „The Kids" одработил мноштво настапи. Сепак, судбината имала поинакви планови.
Отишол да му прави друштво на пријателот кој се пријавил на филмска аудиција, а на крајот тој ја добил својата прва улога во животот. Станува збор за насловот „A Nightmare on Elm Street“. Денес е еден од најпознатите глумци на денешницата.
Алексис Бледел (37)
На американската телевизиска и филмска глумица, пак, среќата ѝ се насмевнала кога ја приметил агент при избедбата на претстава во мал трговски центар.
Ја повикал во Њујорк да се занимава со манекенство, а покасно се прослави како главен лик во серијата „Gilmore Girls’, по која е препознатлива до денешен ден.
Еванџелин Лили (39)
Пред да заплови во актерските води, убавицата работела како стјуардеса. Денес, таа е една од главните причини заради кои серијата „Lost" постигна огромен успех на малите екрани.
Еванџелин Лили доживеала слична ситуација како и колешката Џенифер Лоренс. Додека поминувала улица во Канада, му паднала во очи на агент од „Ford Models".
М. A. | Црнобело