Од улица до црвен тепих: Ѕвезди чија слава е резултат на чиста среќа
- Детали
- вторник, 20 ноември 2018
Тие денеска се планетарно познати и популарни. Но, за разлика од другите имиња, кои со години се бореле да стигнат до таквиот статус, ним наклонета им била судбината, па се пробиле во светот на шоу бизнисот по случајност.
Со други зборови – се нашле во вистинско време на вистинско место. Ова се ѕвездите чија слава е резултат на чиста среќа:
Шарлиз Терон (43)
Познатата оскаровка се преселила од Јужна Африка во Њујорк, за да оди на часови во балетско училиште. Откако се здобила со повреда на коленото, таа морала предвреме да ја заврши својата танчерска кариера. А, приликата за глума ѝ излегла сосема случајно, додека во банка врескала на службеничката поради проблем со картичката.
На филмскиот агент, што баш тогаш се наоѓал во просторијата, веднаш му се допаднал нејзиниот темперамент. На Шарлиз Терон ѝ понудил да стане актерка. Неколку месеци подоцна, таа ја доби и првата улога во хорор филмот „Children of the Corn III: Urban Harvest“.
Џенифер Лоренс (28)
Холивудската ѕвезда, којашто љубителите на седмата уметност обожаваа да ја гледаат во филмовите од серијалот „The Hunger Game", како и насловите „Silver Linings Playbook“, „Joy“ и „American Hustle“, не ни сонувала дека ќе стане мегапопуларна во тинејџерските години.
Нејзината кариера започнала така што агент ја здогледал дури шетала низ улиците на Њујорк. Ја фотографирал, па ѝ зел телефонски број и веќе следниот ден ја повикал на првиот кастинг.
Џејсон Статам (51)
Маркантниот глумец како момче се занимавал со продавање часовници и накит на црно. Подоцна играл фудбал, па бил уличен забавувач, а се испробал и во манекенските води.
Додека градел кариера како модел, Џејсон Статам го забележал режисерот Гај Ричи. Во 1998 година му доделил улога во филмскиот хит „Lock, Stock and Two Smoking Barrels“. Така стана актер без никакво образование, а денес е миленик на светската публика.
Памела Андерсон (51)
Американската секс бомба и ѕвезда на популарната телевизиска серија „Baywatch“, станала позната поради навивањето за омилениот рагби тим.
На возраст од 21 година, Памела Андерсон работела како фитнес тренер, а после нејзината емотивна реакција „фатена“ на камера, моден агент ѝ го понудил првиот договор за моделство. Потоа следуваше фотографирањето за списанието Playboy, а сѐ останато е веќе историја.