„Сексот и градот“ е мртов!

seksot-i-gradot-e-mrtov-povekjeChris Noth, актерот познат по улогата на Фаца во серијата/филмовите “Сексот и градот“ изјави дека истоимената франшиза е “мртва“ откако...

 

...критичарите биле исклучително негативни кон последното продолжение на споменатиот филм.

56- годишниот актер е огорчен заради лошите критики на “Сексот и градот 2“ и тврди дека медиумите и критичарите се виновни за уништената репутација на серијата и филмот.

Готово е. Франшизата е мртва. Медиумите и критичарите ја убија...“, изјавил Noth за New York Magazine.

Твоето за*бано списание го уби Сексот и градот. Како сите критичари да се сложија заедно и решија дека овој серијал мора да умре. Сите имаат исти негативни критики, како да не го ни погледнале филмот.

За да го ублажи кажаното „Mr. Big“ подоцна побарал гума за џвакање од новинарите за да направи шега.

Иако познатите пријателки не се противат на уште едно продолжение на филмот, изгледа дека на Фаца оваа идеја и не му е толку привлечна, напротив е многу скептичен за можноста за снимање трето продолжение.

Режисерот Michael Patrick King се уште службено не се изјаснил за евентуално продолжение.

Првиот дел од филмот заработи 152 милиони долари на кино благајните, додека вториот 92 милиони.

Би можело да ве интересира:

Гласини за лезбиска врска, јавни препирања – Која е вистинската причина за распадот на Spice Girls? Една од членките била примена со врски во групата, а наводно сите расправии и пр...
Лејди Гага со стомаче ги подгреа гласините дека е бремена, по теориите дека има машки полови органи „Бремена е или се здебелила?“ Ова прашање го поставуваат твитерџиите откако беа ...
„Одвратни сте“ – Актерка остана бремена од прибратот, а нивната врска постојано е мета на критики „Ова е одвратно, како можеш да бидеш во брак со прибратот!“ Најчесто овие се нек...
Тори Спелинг глуми богаташка во Малибу, откако повторно остана без дом + откри зошто има дупка меѓу ... Неполн месец откако набрзина ја напушти куќата што ја изнајмуваше, и повторно ос...
Последните денови на Џин Хакман: Имал деменција и цела недела гладувал, откако сопругата починала од... Бидејќи имал напредна фаза на Алцхајмерова болест, Џин Хакман не бил свесен дека...
Најпознатата двојничка на Кејт Мидлтон: „Постојано морам да објаснувам каде сум била – ова е лудост“ „Ова е лудост. Постојано морам да давам интервјуа и изјави и да им давам на луѓе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg