Хари Стајлс има 4 брадавици, октопод му помогнал во кариерата на Николас Кејџ - интересни факти за ѕвездите
- Детали
- петок, 06 јули 2018
Ќе помислите дека сите сме луѓе на крајот од денот, и иако тоа е точно, сепак некои податоци од светот на славните сè уште имаат моќ да нè фасцинираат.
Кој би рекол дека таткото на кралот на регето Боб Марли – е припадник на белата раса со еврејско потекло? Или дека октопод му помогнал на Николас Кејџ да стане подобар актер?
Прочитајте неколку интересни факти за ѕвездите:
Елен Деџенерис и војвотката од Кембриџ се роднини
Иако станува збор за далечна роднинска поврзаност, сепак останува фактот дека двете популарни дами се крвно поврзани.
Хари Стајлс има 4 брадавици
Пејачот дури самиот се има пошегувано на своја сметка за овој редок телесен феномен.
Таткото на Боб Марли бил Британец
Да бидеме појасни – белец од Јамајка, со еврејско потекло од Сирија роден и израснат во Сасекс, Англија, со кого Боб Марли воопшто не бил близок во текот на својот живот и го презирал.
Елвис Присли имал природна руса коса
Подоцна кога станал тинејџер ја бојадисал во црна, што се покажало како одличен потег во развојот на неговата кариера.
Таткото на Вуди Харелсон бил ловец на глави
Воедно, бил осуден и за убиство на судија, бидејќи работел како платен убиец за мафијата во текот на ’60-тите и ’70-тите години на минатиот век.
Првата работа на Кристофер Вокен била скротувач на лавови
Култниот актер работел во циркус како скротувач на опасните животни, бидејќи „сакал мачки“.
Рајан Гослинг за малку ќе станел дел од групата Backstreet Boys
Кариерата на згодниот актер за малку ќе се развиела во сосема поинаква насока, кога неговиот школски другар AJ McLean го замолил да стане дел од неговиот новооформен поп бенд.
Сајмон Кауел работел како помошник на филмски сет
Пред да стане судија во популарните шоуа со натпреварувачки карактер како Pop Idol, The X Factor и Britain’s Got Talent, надмениот Британец работел на филмскиот сет на The Shining на Кјубрик, односно ја полирал секирата на Џек Николсон.
Николас Кејџ имал домашно милениче октопод
Актерот тврди дека проучувањето на движењата на октоподот му помогнало прилично многу во неговата актерска кариера. Не можеме точно да сфатиме како функционира тоа, но очигледно помогнало во развивањето на талентот.
(О)Милена | Црнобело