Кејт во Zara фустан од 2.590 денари, со децата го придружуваше Вилијам на поло натпревар (фото)
- Детали
- понеделник, 11 јуни 2018
Еден ден по парадата која беше по повод роденденот на кралицата Елизабета, се одржа хуманитарна поло игра, на која учествуваше искусниот војвода од Кембриџ, Вилијам.
Сепак, тој не беше сам и добиваше поддршка од неговата сопруга, Кејт, како и од принцот Џорџ и принцезата Шарлот, заедно со братучетките.
Кејт очигледно уживаше во денот поминат со нејзиното семејство, облечена во кежуал фустан од ZARA кој чини 2.590 денари.
Малечката Шарлот, облечена во розово фустанче и со очила за сонце, имаше свој мини перформанс со што ја насмеа Кејт, а Џорџ пак, срамежливо гледаше.
Децата си играа со играчки, трчаа низ тревата, се спуштаа по лизгалки и се забавуваа на секој можен начин.
Војвотката од Кембриџ уште еднаш докажа дека е опуштена и посветена мајка која ужива во моментите поминати во игра и смеа со нејзините најсакани.
М. М. | Црнобело