И богатите плачат: Како славните жени го поднесоа разводот?

Вчера се земаа, денес се разведуваат, утре ќе најдат нова љубов. Кога се ѕвездите во прашање, луѓето неретко мислат дека ним полесно им паѓа прекинот на врската, или, пак, бракот.

i-bogatite-plachat-kako-slavnite-zheni-go-podnesoa-razvodot-1.png

Меѓутоа, не е така. И богатите плачат, кога нивната љубов ќе доживее неславен крај. А, неколку славни жени отворено проговореа за тоа како се чувствувале, откако си кажале „збогум“ со емотивниот партнер.

Ова се нивните искрени исповеди за разводот:

Никол Кидман (50)

Оскаровката одржа мотивационен говор во 2015 година, а го пренесоа и светските медиуми. Никол Кидман призна дека наспроти подемот што го доживеа во кариерата, претешко ѝ паднала разделбата од Том Круз:

„Да бидам искрена, во тоа време бегав од себеси. Не бев способна да ја прифатам реалноста. Се криев зад ликовите што ги толкував, а публиката аплаудираше. Ми требаа години за одново да го прегрнам својот живот. Чувството кулминираше кога добив Оскар. Престојував во хотел во Беверли Хилс, со златна статуетка покрај мене, а поосамена бев од кога и да е. За да си ја повратам среќата, решив да го забавам темпото. Многу читав и разговарав. Така издржав пет-шест години, па подоцна го запознав сегашниот сопруг.“

i-bogatite-plachat-kako-slavnite-zheni-go-podnesoa-razvodot-2.png

Рис Витерспун (42)

Холивудската миленичка и Рајан Филипе беа пар од соништата. Во бракот од 1999 до 2007 година добија две деца. После разводот, пак, Рис Витерспун се огласи во магазинот Parade во 2008 година:

„Секому е потребна љубов. Секој и ја заслужува. Има работи со кои не ми е лесно да се помирам. Разводот е една од нив. Некогаш е тешко да најдете логично објаснување зошто ви се случил. Лесно е да обвините некого. Јас немам време за омраза или негативност. За нив нема место во мојот живот. Кога правите погрешни избори, мора да ја преземете одговорноста за сторените грешки. Само се надевам дека сум научила нешто, па нема пак да ги повторам.“

i-bogatite-plachat-kako-slavnite-zheni-go-podnesoa-razvodot-3.png

Џенифер Лопез (48)

Со два пропаднати брака зад себе, Џенифер Лопез верувала дека пејачот Марк Ентони е нејзината трета среќа. По една деценија, двојката сепак се разведе, а латино дивата се исповеда на списанието W во 2016 година:

„Кога е работата во прашање – неуморна сум. Меѓутоа, кога се работи за личните неуспеси, мислам дека сум преморена. Кога бракот се заврши, не ми беше лесно. Тоа не беше сонот на кој се надевав. Лесно ќе беше да се потклекне пред горчината, разочараноста и лутината. Но, Марк е татко на моите деца и тоа никогаш нема да се промени. Затоа, мора да работиме на тоа нашиот однос да биде добар.“

i-bogatite-plachat-kako-slavnite-zheni-go-podnesoa-razvodot-4.png

Кејли Куоко (32)

Само неколку дена по разводот, Кејли Куоко се појави во утринската програма „CBS This Morning“ во 2016 година, па ги сподели своите чувства на оваа тема:

„Не се срамам од ништо. Тешко се вљубувам, а сакам длабоко. Но, кога е готово – готово е. Не би рекла дека беше грешка, туку нешто кое едноставно ми се случи. Возбудена сум поради она што ми го носи иднината. И посреќна сум од кога и да е порано.“

i-bogatite-plachat-kako-slavnite-zheni-go-podnesoa-razvodot-5.png

Скарлет Јохансон (33)

Во интервјуто за магазинот Vogue од 2012 година, Скарлет Јохансон проговори за разводот од глумецот Рајан Рејнолдс, со кого беа две години во брак:

„Се разбира дека разводот е ужасен. Мене целосно ме скрши. Потполно ме избезуми. Никој не може да ви го даде вистинскиот одговор, ниту пак сакате да го слушнете. Се чувствувате осамено. Тоа е најсамотничкото искуство што може да го доживеете во животот. Веќе го нема партнерот што некогаш бил постојано со вас. Чудно е. “

i-bogatite-plachat-kako-slavnite-zheni-go-podnesoa-razvodot-6.png

Продолжува на следна страна...



Би можело да ве интересира:

„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Адријана Лима: „Критиките за изгледот ми се смешни, немам 16 години, туку 42“ „Бев шокирана кога ги видов најновите фотки од мене, си помислив дека тоа не сум...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg