Сите кралски правила кои Меган Маркл мора да ги следи откако стана војвотка

Меган Маркл конечно официјално стана дел од британското кралско семејство, по спектакуларна свадба која се одржа на 19-ти мај.

site-kralski-pravila-koi-megan-markl-mora-da-gi-sledi-otkako-stana-vojvotka-01.jpg

Таа уште додека беше во врска со принцот Хари, беше соочена со правила кои мора да ги почитува и работи кои мора да ги смени во нејзиниот живот.

Сега, како војвотка од Сасекс, таа мора да следи уште повеќе правила и се соочува со уште повеќе и забрани.

Во продолжение, погледнете ја листата на правила кои Меган мора да ги следи:

1. Забранети ѝ се селфиња – сама и со фановите, а тоа го откри кога еден од фановите побарал да се сликаат, а таа кажала дека не ѝ се дозволени селфиња.

site-kralski-pravila-koi-megan-markl-mora-da-gi-sledi-otkako-stana-vojvotka-02.jpg

2. Како и на сите останати членови, така и неа ѝ е забрането да дава автограми, иако можеби е научена на тоа од актерската кариера.

site-kralski-pravila-koi-megan-markl-mora-da-gi-sledi-otkako-stana-vojvotka-03.jpg

3. Не ѝ е дозволено да има сопствен профил на социјалните мрежи и токму затоа ги избриша оние кои ги имаше, а сега официјалните профили на Кензингтонската палата известуваат за неа.

4. Забрането ѝ е да носи темни бои на лак за нокти, па затоа војвотката се држи до светлите, природни нијанси.

site-kralski-pravila-koi-megan-markl-mora-da-gi-sledi-otkako-stana-vojvotka-04.jpg

5. Не смее да патува без вишок црна облека, во случај на неочекувана несреќа, да мора да се оддаде последна почит некому.

6. Мора да се научи на почитување на останатите членови и да се навикне да се поклонува пред членовите кои се „над неа“.

7. Не е дозволено да носи мини здолништа, односно пократки од 2.5 cm над колената.

8. Како и на останатите дами во кралското семејство, така и на Меган сега ѝ е забрането да ги прекрстува нозете целосно.

site-kralski-pravila-koi-megan-markl-mora-da-gi-sledi-otkako-stana-vojvotka-05.jpg

9. Треба секогаш да биде подготвена да појадува во 8:30 часот доколку е во присуство на кралицата, а вечерата треба да биде завршена до 22 часот.

10. На собири на кралското семејство, Меган секогаш треба да седне до принцот Хари, а не каде што ќе сака.

11. Кога влегува во просторија, ќе мора да се води според кодексот за влегување со останатите членови по ред: кралицата Елизабета, па принцот Филип, принцот Чарлс, Камила, принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, принцот Хари, па на крај ќе влезе Меган.

12. Нема да смее да почне со јадење додека кралицата не почне со нејзиното, а откако нејзиното височество ќе заврши со јадење, должна е и војвотката како и сите останати да престанат да јадат.

13. Доколку се наоѓа во домот на кралицата, ќе мора да остане будна додека кралицата не заспие, бидејќи се сметало за некултурно да заспие пред неа.

14. Не смее да јаде морска храна како и сите останати членови на семејството, со цел да се избегне труење.

site-kralski-pravila-koi-megan-markl-mora-da-gi-sledi-otkako-stana-vojvotka-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Меган Фокс првпат искрена за пластичните операции: „Трипати ги зголемив градите, сакам и поголем зад... „Првата операција ја направив на 21 или 22 години. Повторно направив операција к...
Џорџина го покажа секси задникот додека ги вежба децата на Роналдо – по стапките на тато од мали ноз... 6-годишните близнаци кои Роналдо ги доби од сурогат, очигледно мора да се во фор...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Жизел Бундшен за паничните напади: „Се откажав од семејството и живеев на брза храна – откако го про... „Најлошата работа за паничните напади е интензивниот страв дека ќе имате уште ед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg