9 правила за убавина кои ниту една кралска дама не смее да ги прекршува
Кралските дами треба да изгледаат едноставно, класично и да зрачат со елеганција секој ден. Нивниот изглед мора да биде совршен постојано.
Припадничките на кралските семејства постојано се под лупата на јавноста. Од манири до стајлинг, постојат низа правила кои треба да си следат.
Нивната шминка, фризура и аутфит секогаш мора да бидат беспрекорни.
Кои правила за убавина треба да ги следи секоја кралска дама:
Не смеат да носат силни кармини
Забрането е да носат црвен кармин и други силни бои. Користењето на која било друга нијанса освен нежно розово или пудра боја се смета за несоодветно.
Не смеат да имаат силно контурирање на лицето
Ким Кардашијан обожава контурирање на лицето, но идната кралица на Шведска принцезата Викторија не ѝ е дозволено да ги нагласува образите.
Кралските дами мора да имаат природен изглед и дозволено им е само малку црвенило на образите.
Не смеат да имаат нападна шминка
Кралските дами никогаш нема да ги видите со лажни трепки или мачкесто нашминкани очи. Тоа се смета за нападно и невкусно.
Нивната шминка најчесто се сведува на малку сенка за очи и маскара.
Шминката мора да им е долготрајна
Кралиците и принцезите посетуваат низа настани, а дел од нив се на отворено и траат со часови. Но, без разлика дали врне дожд или дува ветер, тие мора да изгледаат беспрекорно.
Клучот за ова е многу добра пудра и на крај прскање на лицето со фиксатор за шминка.
Не смеат да се шминкаат во јавност
Обичните жени понекогаш знаат да си ја поправат шминката во јавност со малку пудра или кармин, но тоа според кралските правила се смета за несоодветно.
За кралските дами тоа е строго забрането затоа што не изгледа убаво во очите на околината.