9 правила за убавина кои ниту една кралска дама не смее да ги прекршува
Не смеат да имаат долги нокти и да користат лакови во боја
Кралските дами треба да имаат кратки, уредни нокти само со проѕирен лак на нив или пак некоја нежна крем нијанса. Тие треба да изгледаат едноставно и уредно.
Косата треба да им биде правилно стилизирана
Кралскиот протокол наложува едноставни и уредни фризури. На Кејт Мидлтон на пример препознатлив знак ѝ се нежните совршени локни.
Од друга страна Меган Маркл од време навреме ги крши кралските правила појавувајќи се со неуреден кок.
Мора редовно да посетуваат фризер
Косата на Кејт Мидлтон добива фенирање од професионалци најмалку неколку пати во седмицата, а можеби дури и секој ден.
Таа исто така ја потстрижува и бојадисува редовно за да изгледа свежо и здраво.
Мора да носат шапки за формални настани
Шапките се задолжителни за сите формални настани, вклучувајќи и свадби и празнични прослави како Божиќ. Круна пак може да носат само кралевите и кралиците.
Тијарите се носат како замена за шапките. Кралските невести носат тијари на нивната свадба.
Прочитајте и Кејт Мидлтон земала часови за танц на шипка: Кои кралски правила ги прекршија Меган и Кејт?
С. С. | Црнобело