Како ќе се промени животот на Меган Маркл откако ќе стане член на британското кралско семејство?
- Детали
- вторник, 05 декември 2017
Од страна можеби изгледа совршено нејзината трансформација од актерка до сопруга на принц и придружување на кралското семејство, но и тоа има свои недостатоци.
Животот на Меган Маркл целосно ќе се промени и таа ќе мора да заборави на многу работи кои претходно биле дел од нејзиниот живот и ја правеле тоа што е таа денес.
Таа и досега мораше да направи некои промени за да стигне каде што е сега, но откако официјално ќе стане дел од британското кралско семејство, таа ќе мора да направи уште поголеми промени.
Од строги правила за избор на облека, до забрана на селфиња и присуства на модни ревии – погледнете како животот на Меган Маркл ќе претрпи промени:
Таа нема повеќе да биде актерка
Таа откри дека се одлучила да се откаже од актерството, што очигледно беше голем дел од нејзиниот живот. Во серијата по која стана популарна, Suits, глумеше во 7 сезони почнувајќи од 2011, а нејзиниот колега од серијата, што го глуми нејзиниот партнер ѝ посака среќа.
https://twitter.com/halfadams/status/935225535076057088
Со неа постојано ќе има обезбедување
Можеби не толку засилено како Тајната служба, но приближно.
Не може да биде активна во политика
Оние кои ќе се венчаат со член на кралското семејство, го губат правото за активност во политика и не смеат да дискутираат јавно за нивните политички гледишта. Исто така, не гласаат и не се кандидираат.
Нејзиното име ќе се промени
Таа веќе нема да биде позната како Меган Маркл, бидејќи тоа е нејзиното средно име, а членовите на кралско семејство се нарекуваат по првото име. Нејзиното целосно име е Рејчел Меган Маркл.
Нејзината гардероба целосно ќе се промени
Таа низ годините имала интересни избори за облека, но сега таа ќе мора да се придржува до правилата за член на кралско семејство и да се облекува прикладно.
Нема да може да седи каде што сака
Членовите на кралското семејство пристигнуваат и седнуваат според редослед по линијата за наследување на тронот.
Нема веќе селфиња
Исто како што ќе мора да го пчитува протоколот и да не потпишува автограми, така и селфињата ќе заминат во историјата.
Нема да може безгрижно да присуствува на ревии
А телефоните и камерите ќе бидат упатени кон неа.
Ќе добие посебен тренинг за заштита од тероризам
Тој се состои од преправање дека таа е заложник и ќе учи како да се справува во опасни ситуации, па изгледа дека нејзините актерски способности ќе бидат од помош.
Го затвори нејзиниот веб сајт за животен стил
Иако не е сигурно дали го затворила бидејќи знаела дека ќе дојде до момент кога ќе мора да го направи тоа бидејќи ќе биде член на кралското семејство, или била независна одлука од ова, сепак таа им напиша емотивна порака на своите фанови со која го соопшти затворањето.
Кога ќе патува во странство, ќе мора да носи вишок црн аутфит
Причината за ова е веќе позната и сме зборувале и претходно за тоа.
Ќе мора да присуствува на многу кралски настани
Како што е парадата за роденденот на кралицата и уште многу други задолжителни настани.
Ќе им стане тетка на принцот Џорџ и принцезата Шарлот
Нема да ѝ биде дозволено да игра монопол
Оваа игра била премногу натпреварувачка помеѓу кралските членови , па затоа е забранета.
Нема да може да се држи за раце со принцот Хари во јавност
Ќе мроа да се појавува на официјални настани и нема да им биде дозволено често да го прават тоа, исто како и на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Одморите ќе ги замени со кралски тури
https://www.instagram.com/p/BLPf6ZvAgGT/?taken-by=meghanmarkle
Ќе ја смени религијата
Таа пораснала како Протестант, но ќе биде крштевана во Англиската црква.
Таа ќе стане граѓанин на Британија
Британското кралско семејство го потврди ова и таа официјално ќе мора да стане британски граѓанин.
Ќе им каже збогум на вечерните излегувања
Како и на позирањето на плажа
Нема да биде на насловна на магазин во скоро време
Бидејќи со зборувањето за врската со Хари во Vanity Fair го прекрши протоколот.
Нејзините кучиња ќе станат дел од кралското семејство
Кучињата на Меган во мај официјално ќе станат кралски. Требаше двете кучиња да бидат префрлени во Британија, но едното било премногу старо за да лета и останало во Канада.
Ќе мора да ја следи кралицата
Ако кралицата стане, и Меган треба да стане. Таа треба да прави сѐ што ќе наложи кралицата, а се надеваме дека наскоро ќе имаме можност да ги видиме заедно на некоја фотографија.
М. М. | Црнобело