Зошто кралското семејство секогаш пакува плус еден аутфит?
- Детали
- понеделник, 07 август 2017
Фактот дека Кејт Мидлтон има неверојатно чувство за мода на никој не му е непознат и не го негира.
Но, причината за тоа зошто кралското семејство секогаш носи по плус еден аутфит на патувањата нема никаква врска со стилот.
Напротив, поврзана е со тоа што кралското семејство секогаш мора да биде подготвено за претставителен изглед, а тоа важи и во случај на трагедија.
Британско списание кое прво објави што тие пакуваат кога патуваат, напиша: „Секојпат кога ја напуштаат земјата, тие мора да понесат црна облека за жалење, во случај некој член од фамилијата да почине додека се на пат.“
Ова е веројатно како последица на тоа што во 1952 година, кога таткото на кралицата Елизабета II починал, таа била во Кенија и немала соодветна облека за жалење, па морало да ѝ носат црн фустан, за таа да го облече во авионот пред да слета во Лондон.
Иако ова правило има смисла кога се работи за угледот на кралското семејство како претставник на нивната нација, сепак е морбидно потсетување за тоа колку многу животот може да се промени во секунда.
М. М. | Црнобело