Ѕвезди кои пронајдоа среќа со посвоени дечиња
Кристин Дејвис
Ѕвездата на „Сексот и градот“ ја посвои ќеркичката Џема во 2011 година како самохрана мајка, слично како и Сандра Булок, со изјавата дека целиот процес бил остварување на нејзиниот сон.
Мадона
Иако процесот на посвојување беше прилично контроверзен и тежок, бидејќи законите во Малави потврдуваат дека мора да си жител на државата за да посвоиш деца во неа, сепак поп кралицата успеа да ги однесе Дејвид со 2006 година и Мерси во 2009 година дома.
Хју Џекмен
На актерот и неговата сопруга Дебора Ли им било кажано дека децата од мешани раси најтешко ги одбираат за посвојување. Тоа сепак не ги поколебало, бидејќи Оскар и Ева дошле во нивниот дом.
Дениз Ричардс
И покрај тоа што актерката веќе има 2 деца со нејзиниот поранешен сопруг Чарли Шин, таа почувствувала потреба за уште едно дете. Така во 2011 година ја посвоила ќеркичката чие име го одбрале нејзините две дечиња – Елоиз.
Харисон Форд и Калиста Флокхарт
Калиста го посвои синот Лиам како самохран родител во 2001 година, а потоа започна да се гледа со Харсион Форд. Во 2010 година двојката се венча и продолжија заедно да се грижат за детето.
Шерон Стоун
Првиот син (на фотката) актерката го посвои во 2000 година заедно со тогашниот сопруг Фил Бронстин.
Откако се разведоа во 2004 година, таа го посвои вториот син Лерд во 2005 година, а подоцна и третиот син Квин во 2006 година. „Благодарна сум што децата ме одбраа мене. Јас сум среќна мајка“, изјави актерката.
(О)Милена | Црнобело