Ѕвезди кои пронајдоа среќа со посвоени дечиња
- Детали
- петок, 25 мај 2018
Анџелина Џоли можеби е предводник по бројот на посвоени дечиња во Холивуд, но дефинитивно не го создаде трендот.
Многу и пред неа се одлучија покрај биолошките деца да посвојат уште едно (или неколку) деца и да внесат дополнителна среќа и светлина во своите животи.
Кои славни ѕвезди ги комплетираа семејствата со посвоени дечиња?
Кејт Бланшет
Заедно со сопругот Ендру Аптон тие ја посвоија ќеркичката Едит од Америка во февруари 2015 година. Тие, исто така, имаат претходно посвоено и 3 постари синови.
Сандра Булок
Булок заедно со поранешниот сопруг го започна процесот на посвојување во 2010 година на малиот Луи од Њу Орлеанс. Но, откако дозна за неговата афера, таа поднесе документи за развод.
Сепак, посвојувањето на Луи се финализираше со Сандра како самохрана мајка. 5 години подоцна таа ја донесе дома и 3-годишната Лејла преку процес на посвојување.
Шарлиз Терон
Во март 2012 година Шарлиз го посвои 9-годишниот Џексон, одлука со која изненади многумина. Но, актерката изјави дека отсекогаш знаела дека ќе посвои дечиња некој ден. Во 2015 година таа ја посвои и ќеркичката Август.
Мишел Фајфер
Актерката има 2 деца со сопругот Дејвид Кели, ќерката Клаудија и синот Џон. Џон е нивниот биолошки син, а Клаудија е посвоена.
Том Круз и Никол Кидман
Додека беа во врскa, парот посвои две деца: Изабела и Конор. По нивната разделба во 2001 година, дечињата кои тогаш имаа 8 и 6 години избраа да живеат so Том кој ги израсна во духот на скиентолологијата.
Виола Дејвис
Покрај тоа што е маќеа на двете деца на нејзиниот сопруг Дејвид Тенон од претходниот брак, двојката во 2011 година ја посвои штотуку родената Џенезис.