Фото докази од 15 моменти кога британското кралско семејство ги прекршило правилата
- Детали
- понеделник, 30 април 2018
Членовите на британското кралско семејство, имаат многу правила кои мора постојано да ги почитуваат.
Но, на крајот од денот, и тие се само луѓе, кои сосема е нормално понекогаш да прекршат по некое правило.
Тие секогаш треба да се истакнуваат по нивното однесување во јавност, иако досега се случило тоа да биде и на негативен начин.
Кралското семејство внимава со кого зборува и се поздравува, каде седнува и каде стои, па од толку многу правила и протоколи кои се следат, нормално е да се дозволи по некое прекршување.
Погледнете ги овие фотки кои ги покажуваат моментите кога членовите на кралското семејство ги прекршило правилата:
1. Децата треба да се однесуваат културно во јавност, без смешни гримаси, но принцот Хари уште од мал бил склон кон прекршување на правила.
2. Кралските членови никогаш не треба да бидат забележани како прават нешто недозволено, но Хари во одреден период се однесуваше како секој обичен човек, што не е дозволено!
3. И секако, кралските членови не смеат да прават селфи со јавноста.
4. Тие не смеат ниту да се облечени во целосно црн аутфит, освен ако не се на погреб, но Меган изгледа исто така е склона кон прекршување на правилата.
5. Грубото искажување нежности во јавност е строго забрането – дозволено е нежно да позираат, но без прегратки и држење за раце, но и на Кејт и Вилијам некогаш им е дозволено да се издвојат.
6. Принцот Хари доминира во лошо однесување на кралски член, а позирањето покрај базен во Лас Вегас, полугол, никако не е дозволено.
7. Денес принцот Вилијам и Кејт се пример за културни кралски членови заедно со нивните деца, но порано тие навистина имале вкус за ноќен живот и не пропуштале шанса да танцуваат.
8. Во времето кога требало да стане принцеза, Дијана била фотографирана во бикини и настана скандал, но потоа очигледно се навикнаа.