Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што облекоа ѕвездите на Златните Глобуси 2025? (фото)

Кај актерките доминираа креации во сребрена, златна и црна боја, па розовите и црвени фустани беа освежување, додека кај мажите преовладуваше класиката...

shto-nosea-dzvezdite-na-zlatnite-globusi-2025-foto-01.jpg

Вчеравечер (05.01) во Лос Анџелес се одржаа Златните Глобуси 2025, едно од најпрестижните доделувања на филмските награди, но и предвесник за претстојните Оскари.

А како и секоја година, така и овој пат црвениот тепих потсетуваше на вистинска модна писта.

shto-nosea-dzvezdite-na-zlatnite-globusi-2025-foto-02.jpg

Никол Кидман воодушеви со сребрениот фустан со гол грб од Balenciaga, а Анџелина Џоли избра сребрен фустан, но во потемна нијанса, од Alexander McQueen.

Подеднакво впечатлива беше и Зендеја во портокалов балски фустан од Louis Vuitton.

shto-nosea-dzvezdite-na-zlatnite-globusi-2025-foto-03.jpg

Кај мажите, пак највпечатлив беше Еди Редмејн, кој носеше црно-бел костум.

На изненадување на многумина, Тимоти Шаламе избра класичен црн костум, па малку и разочара бидејќи е познат по смелите и екстравагантни изданија на црвениот тепих.

Во продолжение погледнете што носеа ѕвездите на Златните Глобуси 2025:  

A. J. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Ѕвезди кои гордо ја покажуваат насмевката по години носење фиксни протези Фиксните протези не ги носат само обичните луѓе, туку и ѕвездите. Ви се верува л...
Познати актерки кои се родени во иста година, но не изгледаат така (фото) Дали ви изгледа дека Моника Белучи и Мариса Томеи се на иста возраст? Дали ви...
Крвта не е вода: Порасна ќерката на Алесандра Амбросио – позира во бикини со мама на Хаваи (фото) Малечкото девојче порасна во прекрасна тинејџерка која е на прагот на 16-ти роде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg