Не дочекаа свадба: Славни парови кои раскинаа по веридбата
- Детали
- вторник, 01 мај 2018
Знаевте ли дека Канје Вест ја запозна сопругата Ким Кардашијан, додека беше свршен со друга девојка? Која жена ќе се најдеше на местото од Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, но си мислела дека Бред Пит е предобар за неа?
Крајот на врската не е никогаш забавен. Но, прекинувањето на свршувачката е уште полошо. А, на овие ѕвездени двојки им се случи баш тоа.
Откако направија план да го поминат остатокот од животот заедно, тие си кажаа „збогум“, пред воопшто да го изговорат судбоносното „да“.
Во продолжение, прочитајте кои се славните парови што раскинаа по веридбата, па не ја ни дочекаа свадбата:
Бен Афлек и Џенифер Лопез
Пред да се земе со Џенифер Гарнер, актерот Бен Афлек беше свршен со нејзината имењачка – латино дивата Џенифер Лопез. „Бенифер“ важеше за една од најпопуларните двојки во Холивуд.
Тие се забавуваа во периодот од 2002 до 2004 година, споделувајќи мноштво моменти заедно, пред и зад камерите. Џени го ангажираше Бен во нејзиниот спот за песната „Jenny from the Block“. Беа главни ѕвезди и во филмот „Gigli“, ама не се прославија со улогите. Благо кажано.
Како што се ближеше датумот на свадбата, така растеше и медиумскиот интерес за нивната врска. Афлек првин ја одложи венчавката, а недолго потоа и ja откажа. Години подоцна, Џеј Ло откри дека со таквиот гест ѝ го „искорнал срцето од градите“.
Џони Деп и Винона Рајдер
Тие изгледаа совршено заедно. Се верија по пет месеци од првиот состанок, а актерот дури и си истетовира „Winona Forever” („Винона засекогаш“) на раката, верувајќи дека нивната врска ќе го издржи тестот на времето. Меѓутоа, траеше само три години.
Иако се разделија пред повеќе од две децении, Џони и Винона сѐ уште се поддржуваат еден со друг. Кога Деп беше обвинет за насилство над поранешната сопруга Амбер Хeрд, Рајдер застана во негова одбрана.
„Никогаш не бил таков кон мене. Воопшто не беше насилен.“, тврдеше глумицата. „Го знам само како навистина добар, полн со љубов и внимателен дечко, кој максимално ги заштитува луѓето што ги сака.“.
Канје Вест и Алексис Фајфер
Нема човек што не знае дека познатиот рапер е во брак со популарната старлета Ким Кардашијан. Сите се сеќаваат и на Амбер Роуз, неговата поранешна љубов. Меѓутоа, малкумина паметат дека тој беше свршен со друга жена пред повеќе од една деценија.
Станува збор за дизајнерката Алексис Фајфер, со која Канје Вест се запознал во 2002 година. Во врска беа цели шест години. Ја запроси за време на нивното патување во Капри. Дури двајцата беа сѐ уште пар, музичарот за првпат ја сретна и сегашната сопруга на журка.
Иако ја прекинаа веридбата, Вест и Фајфер не се разделија со лоши зборови. „Секогаш е тажно е кога љубовта ќе заврши. Остануваме пријатели.“, изјави Алексис за магазинот People. „Му посакувам сѐ најдобро во иднината, како и успеси на секое поле. Тој е еден од најталентираните луѓе што сум ги запознала.“
Рајан Рејнолдс и Аланис Морисет
Глумецот и пејачката се запознале на забава во организација на актерката Дру Баримор. Почнаа да се забавуваат во 2002 година, а две години подоцна, канадската музичарка и Рејнолдс се свршија.
Иако двајцата делуваа среќни и врската им траеше пет години, на крајот сепак се разделија. Раскинаа во 2007 година, а љубовната болка ѝ послужи на Морисет како инспирација за албумот „So-Called Chaos“.
„Да, навистина пеам за мојата тага.“, рече Аланис во една пригода. „Мислам дека најмногу страдам во моментите кога ѝ пружам отпор на болката. Ако си речам: „Вистина е. Сега сум навистина несигурна, скршена и очајна“, тогаш можам да го надминам чувството, па да продолжам понатаму. Ако упорно му се спротивставувам, пак, засекогаш ќе остане.“
Роб Кардашијан и Блек Чајна
Ова е врската што од сам старт беше осудена на пропаст, поради испреплетените семејни односи. Блек Чајна беше претходно во љубов со раперот Тајга и заедно имаат син. Потоа, Тајга започна врска со Кајли Џенер, помалата полусестра на Роб Кардашијан.
Тој, пак, се сплетка со Чајна, па ја добија ќеркичката Дрим. А, згора на сѐ, дамата со облини некогаш ѝ беше добра другарка на старлетата Ким Кардашијан. Се верија во април 2016 година, но нивната свршувачка заврши пред да си го изговорат судбоносното „да“.
Една година подоцна, таа му го врати дијамантскиот прстен вреден 325 илјади долари на Роб. Скандалите на двојката ги полнеа страниците на жолтиот печат, а сета драма беше проследена и во реалното шоу за фамилијата Кардашијан. Моментално водат судска битка за старателство над детето.