Ѕвездите отворено зборуваат за бременоста и промените кои ги доживеале
- Детали
- недела, 15 април 2018
Телото на жените драматично се менува во бременоста, а на тоа не се исклучок ниту славните дами.
Не сите во бременоста изгледаат како Сара Стејџ и сосема е нормално и очекувано да ви се случат надворешни и внатрешни промени, па не паничете.
Ништо не е совршено, а ѕвездите решиле малку да ви го доближат нивното искуство со бременоста.
Тие споделуваат што најмногу ги мачело, како се промениле, како се справиле или како се чувствувале за време на тој период.
Погледнете што изјавиле дел од нив за бременоста:
Ким Кардашијан
„Ми беше многу тешко да ги прифатам промените на телото и имав многу поразлична бременост од онаа на Кортни. Таа успеа да направи тоа да изгледа многу лесно, но откако бебето почна да клоца, го прифатив тоа. Сега сакам да сум бремена.“
Кели Кларксон
„Сите ви велат дека ќе блескате и косата ќе ви биде прекрасна и ноктите ќе ви бидат убави. Тоа е чиста глупост. Моите нокти се кратки, косата уште ми паѓа – не е сè така прекрасно – и немам никаков сјај.“
Амбер Роуз
„Тешко е да се ослободиш од тежината од бременоста. Тоа е различно дебелеење бидејќи 9 месеци постојано се тегне стомакот и потоа е тешко да се врати. Јас работам на тоа. Изгубив 13 килограми неодамна.“
Кејт Хадсон
„Секогаш бев со спортски дух и градба и секогаш бев активна, па никогаш немав искусено како е да се здебелиш. Кога се случи тоа, бев зачудена. Моментот кога ќе мора да поминете низ тоа е многу емотивен. Се обесхрабрувате. Се здебелив 70 килограми и не бев од оние жени кои имаат среќа и остануваат исти.“