Победи со „Viva la diva“ во 1998 на Евровизија: Дана Интернационал и денес е дива (фото)
- Детали
- петок, 16 февруари 2018
Нејзината песна остана една од најсветлите точки на Евровизија, а дивата, која некогаш била маж, остана еден од најпрепознатливите израелски изведувачи.
Песната на Шерон Коен од Израел, која настапува како Дана Интернационал, во 1998 година триумфираше на Евровизија.
Хитот „Viva la diva“ ги освои срцата на фановите во цела Европа, а до денес останува една од најнезаборавните песни од евровизиската сцена.
Во тој период по медиумите се пишуваше дека Шерон во минатото била маж, но одлучила да го промени полот затоа што отсекогаш се чувствувала како жена.
Родена е во Тел Авив. Во 1993 година направила операција за промена на полот, почнала да го користи името Шерон Коен, а со објавувањето на првиот албум започнала да го користи уметничкото име Дана Интернационал.
Има десетина албуми и е еден од најпознатите израелски изведувачи. Првиот албум го лансираше во 1994 година и многу пати досега има титули за најдобар женски изведувач, најпродаван албум итн.
По победата во 1998 година Изралеците одлучија Дана повторно да ги претставува на Евровизија во 2011 година со песната „Ding Dong“, но за жал тогаш не успеа да обезбеди пласман во финалето.
Изралеците победија на Евровизија во 1978 година, па во 1998 со Дана Интернационал и велат како да им стана традиција да победуваат на Евровизија на 20 години, па се прашуваат дали и оваа 2018 година ќе им донесе победа.
Со мали паузи, Дана Интернационал веќе години наназад има успешна кариера. Во 2017 објави три песни и настапуваше ширум светот. Последниот настап ѝ беше во Москва.
Како изгледа евровизиската дива денес:
С. С. | Црнобело