Најромантичната изјава на Џорџ Клуни за Амал: „Нејзиниот живот ми значеше повеќе од мојот“
- Детали
- петок, 09 февруари 2018
Долги години беше еден од најпосакуваните ергени на светот, а сега се претвори во еден од најпреданите сопрузи. Амал дефинитивно e среќна жена!
Токму кога помисливме дека Џорџ Клуни не може да биде посовршен, тој се појави во едно интервју и ја даде најромантичната изјава на сите времиња.
56-годишниот Оскаровец откри колку многу му значи неговата сопруга Амал.
„Мора да кажам дека пред да ги добијам близнаците го почувствував тоа за неа. Почувствував дека сретнав некого за кого апсолутно би го дал животот. Сретнав некого чиј живот ми значеше повеќе отколку што ми значеше мојот живот. И никогаш претходно немав искусено такво нешто“, изјави Клуни во гостувањето кај Дејвид Летерман.
Инаку, ова не е прва романтична изјава на Клуни за либанската 40-годишна убавица. Во една пригода во 2017 година тој изјави: „Мислев дека е убава и дека е забавна и очигледно паметна“, мислејќи на нивната прва средба во 2013 година.
Само една година подоцна тој ја запроси: „Единственото што ме мислеше е да не е прерано. Но, немаше сомневање дека ние сме вистинскиот пар и вистинскиот тим. Веднаш почувствувавме дека сме среќни заедно и еве среќни сме уште оттогаш.“
Парот се венчаше на интимна церемонија во Венеција во септември 2014, а во јуни 2017 станаа родители на близначиња.
С. С. | Црнобело