Таткото на Џорџ Клуни проговори за првата средба на Џорџ и Амал во 2013: Нивните судбини беа запечатени

Џорџ Клуни бил маѓепсан од Амал уште на првата средба, на една вечера во 2013-та година. Таму бил присутен и таткото на оскаровецот, Ник

tatkoto-na-dzordz-kluni-progovori-za-prvata-sredba-na-dzordz-i-amal-vo-2013-nivnite-sudbini-bea-zapechateni-001.jpg

Сега тој проговори во медиумите за првата средба на холивудската икона и на адвокатката за човекови права.

„Јас мислам дека до мигот кога нивната прва средба беше завршена, нејзината и неговата судбина беа запечатени. Таа беше толку извонредна и тој беше толку извонреден околу неа“, изјави 83-годишниот Ник.

tatkoto-na-dzordz-kluni-progovori-za-prvata-sredba-na-dzordz-i-amal-vo-2013-nivnite-sudbini0bea-zapechateni-04 (1).jpg

Џорџ и Амал инстантно биле шармирани еден од друг.

Ник откри дека тој и неговата сопруга Нина ја поздравиле Амал на забавата во 2013-та година.

„Таа ни се претстави и зборувавме со неа. Беше навистина шармантна и прекрасна и до крајот на таа ноќ беше јасно дека има мила душа“.

tatkoto-na-dzordz-kluni-progovori-za-prvata-sredba-na-dzordz-i-amal-vo-2013-nivnite-sudbini0bea-zapechateni-02

По вечерата, Ник знаел дека на Џорџ и Амал им е судено да се вљубат и дека таа ќе предизвика „проблем“ на сребрената лисица, како што тој милува да го нарече својот син.

Ник вели дека присуството на убавата бринета во животот на актерот било сосема поинакво, отколку тоа на неговите поранешни девојки.

tatkoto-na-dzordz-kluni-progovori-za-prvata-sredba-na-dzordz-i-amal-vo-2013-nivnite-sudbini0bea-zapechateni-03

„Беше поинаков од сите претходни врски во кои сум го видел, а сум го видел во сите, уште од времето кога имаше 13 години. Оваа млада жена му значеше нешто речиси од почетокот. Едноставно беше прекрасно“.

Откако се породи Амал, Ник откри дека Џорџ ја опишал својата сопруга како „супер жена“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Живот живеат: Џорџ и Амал Клуни уживаат во Сен Тропе, фатени за рака и лудо вљубени (фото) Амал блеска покрај саканиот Џорџ, а тој не ја испушта од рака и гордо шета со не...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg