„Менувам пелени и чистам повратени дамки“ - Џорџ Клуни зборува отворено за родителството

За некои луѓе, знак дека станале возрасни е тоа што научиле како да пеглаат облека и да сменат сијалица. За Џорџ Клуни, тоа е чистењето детска повраќаница.

menuvam-peleni-i-chistam-povrateni-damki-george-clooney-zboruva-otvoreno-za-roditelstvoto-001.jpg

„Постојано морам да чистам дамки од моето одело. Порано беа мои, но сега се дамки од близнаците кога малку ќе повратат.“ – објаснува 56-годишниот актер.

Тој исто така открива дека сега неговата дожност е менување пелени, што може да биде многу тешко кога имате не едно, туку 2 бебиња за кои одеднаш треба да се грижите.

„Моментално, моја обврска е менување пелени и прошетка со нив по малку. Навистина не мислев дека на 56 години ќе станам татко на близнаци. Но, не се планира. Секогаш мора да уживате и во непланираното.“ – продолжува Клуни.

menuvam-peleni-i-chistam-povrateni-damki-george-clooney-zboruva-otvoreno-za-roditelstvoto-02.jpg

А, кога станува збор за неговата прекрасна сопруга, Амал, оскаровецот признава дека таа се справува со мајчинството како вистински професионалец.

„Таа е како Олимписка атлетичарка. На неа ѝ оди одлично и со леснотија сето ова. Но, изгледа ништо не те подготвува за ова. Одеднаш, стануваш одговорен за други луѓе, што навистина може да биде застрашувачко.“ – додава новопечениот татко.

menuvam-peleni-i-chistam-povrateni-damki-george-clooney-zboruva-otvoreno-za-roditelstvoto-03.jpg

Како и да е, родителството е една прекрасна работа, а колку и да е тешко, на крајот сите успеваат да се справат со тоа, па така и овој прекрасен пар.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg