Му падна секирата во мед: Секси затвореникот се луксузира со девојката милионерка (фото)
- Детали
- четврток, 25 јануари 2018
Oткако е со богаташката во врска, луксузните забави и годишни одмори станаа дел од неговото секојдневие.
Се сеќавате ли на синоокиот осуденик, чија затворска слика го обиколи светот?
Станува збор за 33-годишниот Џереми Микс, кој после отслужената казна стана модел и често видено лице на големите модни настани.
Не ја пропушти ниту Неделата на машка мода што се одржува во Париз, каде пристигна во придружба на девојката Клое Грин, 26-годишната наследничка на Topshop царството.
По излегување од затворот, Џереми ја напушти сопругата Мелиса заради Клое, иако таа му беше поддршка во најтешките времиња. Двојката е заедно од минатото лето.
Нејзиниот татко е Филип Грин, британски бизнисмен и главен лик во компанијата Arcadia Group, која има ланец на продавници како што се: Topshop, Miss Selfridge, Dorothy Perkins, Topman и други.
Во суштина, Клое не работи ништо, а ја бие глас дека како разгалена татина маза, таа е девојка што само неразумно ги троши неговите пари.
Дотичната не штеди пари ни на нејзиниот дечко, па многубројните луксузни забави и годишни одмори станаа негово секојдневие, поради што се шушка дека Микс плански ја освои милионерката, поради удобниот начин на живот каков немал порано.
Меѓутоа, секси затвореникот ги негираше таквите гласини во неколку наврати, тврдејќи дека парите ништо не му значат.
„Никогаш не сум бил посреќен. Дури да нема ни долар во џебот, повторно би се заљубил во неа.“, истакна Џереми во едно интервју.
Богатиот татко наводно не гледа благонаклонето на врската, плашејќи се дека бившиот осуденик само ја искористува неговата ќерка за слава и пари.
Сепак, тој повеќепати е забележан со познатото семејство, па се чини дека тато ќе ја испочитува и оваа желба на својата галеничка.
Изминатиот период, парот мамеше погледи со стилските изданија во градот на светлината.
Менуваа скапоцени дизајнерски парчиња за сите пригоди, а папараците будно го следеа секое нивно појавување, од градските улици, па до првиот ред на модните ревии.
Љубов или нешто друго е во прашање?!
М. А. | Црнобело