Најубавиот осуденик на светот - Девојки ќе се согласите?
- Детали
- петок, 20 јуни 2014
Џереми Микс е уапсен пред само 2 дена заради поседување на оружје без дозвола. Но, не ни претпоставуваше дека ќе стане најпопуларниот осуденик на Фејсбук.
Микс за само неколку часа „заработи“ 10.900 лајкови и 2.400 коментари, и тоа сè од жени кои се воодушевуваат на неговиот изглед.
„Го крши законот, а може да заработува милиони како манекен,“ гласел еден од коментарите.
Хипнотизирани од сините очи, полните усни и чоколадниот тен на Микс, многу жени ги затворија очите пред неговите дела, па дури една од корисничките на социјалните мрежи изјави: „Мене може да ме киднапира кога сака, нема да се противам!“
Малку подоцна дури се појави и негова Фејсбук фан страна, која веќе има над 8.000 фанови.
Девојки, имате коментар?