По кои правила принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ги воспитуваат своите деца?
- Детали
- четврток, 04 јануари 2018
Ова современо кралско семејство се води од инстинктите и воспоставува силни и значајни врски со своите дечиња.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се прекрасен пример за современ кралски пар, кој не се води цврсто од кралските правила за воспитување на децата.
Тие многу пати досега ги прекршија, како што беше испраќањето на 4-годишниот принц Џорџ во училиште, наместо школување дома, и минувањето на Божиќ во 2016 со семејството Мидлтон, наместо со кралското семејство.
Тие се водат од правилото на активно слушање на своите деца и се вистински пример за родители од 21-виот век. Вил неретко на своите деца, синот Џорџ и ќерката Шарлот, им прераскажува приказни за неговата мајка, принцезата Дијана за да не ја заборават баба си.
Кејт Мидлтон секој пат кога не се во палатата им покажува како живее средната класа. Сепак, Вилијам се труди добро да го прилагоди малиот Џорџ и да го одгледа како иден крал на Велика Британија.
Кога се појавуваат во јавност принцот Вилијам најчесто е со Џорџ, а Кејт со Шарлот. Така е дури и на нивната божиќна картичка, каде Вилијам ја држи раката на Џорџ, а Шарлот стои пред мајка си.
Според експертите за говор на телото, оваа поза посочува дека Вилијам е повклучен во воспитувањето на Џорџ и тоа не е воопшто чудно затоа што татковците често воспоставуваат цврста врска со своите синови и ги подготвуваат за нивната улога на глава на семејството и одговорностите кои ги носи таа. Преобразбата на синот од момче во маж, Вилијам дефинитивно ја има сфатено сериозно, особено што во нивната приказна има и титула.
Татковците традиционално се одговорни за воспоставување на правилата, одржување на дисциплината, давање насоки и обезбедување на семејството. Близината на Вилијам со Џорџ несомнено посочува на правилното воспитување на Џорџ како иден клучен дел од монархијата.
Вилијам и Кејт се инстинктивни родители полни со љубов, кои уште од најмали нозе се трудат да воспостават значајна врска со нивните деца.
Исто така, на близината на Вилијам со Џорџ влијае и тоа што Џорџ е постарото дете, а рацете на мајката, односно на Кејт Мидлтон, се полни со работа за грижата за новото бебе, во случајов ќерката Шарлот, тврдат експертите. Тие нетрпеливо чекаат да видат како ќе се промени динамиката кога третото дете ќе дојде на свет.
Во секој случај, прекрасно е што принцот Вилијам е активен татко, кој учествува во секој сегмент од животот на неговите деца. Само пред неколку седмици тој му даде на Дедо Мраз рачно напишано писмо од неговиот син во кое Џорџ посакува полициски автомобил.
Вилијам и Кејт ќе го добијат своет трето дете во април годинава.
Прочитајте и зошто децата на принцот Хари и Меган Маркл нема да носат титула на принц и принцеза!
С. С. | Црнобело