Имаат повеќе имиња, 6 кумови и сведок на раѓањето: Традиции за кралските деца

Не секој ден се раѓа кралско дете, па нормално дека кога војвотката Кејт Мидлтон и принцот Вилијам објавија дека очекуваат трето дете сите беа возбудени.

imaat-povekje-iminja-6-kumovi-i-svedok-na-ragjanjeto-tradicii-za-kralskite-deca-01.jpg

Досега сме зборувале за некои општи правила во кралското семејство и правила за стапување во брак со членовите на истото, но сигурно не сте ги знаеле правилата и традициите кои постојат за децата родени во британското кралско семејство.

Некои од нив имаат смисла, други пак, немаат никаква поента, па можеби затоа одредени членови ги прекршуваат.

Дознајте кои се тие:

Жените се пораѓале во домот

Со години, членовите на кралското семејство се породувале дома. Така била родена кралицата Елизабета, а и таа самата нејзините синови ги родила во Бакингемската палата.

imaat-povekje-iminja-6-kumovi-i-svedok-na-ragjanjeto-tradicii-za-kralskite-deca-02.jpg

Сепак, принцезата Дијана почнала нова традиција

Принцовите Вилијам и Хари биле родени во болницата St. Mary во приватен дел, а во истата болница се родени и принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Сепак, можно е Кејт да се врати на старата традиција и третото дете да го роди дома.

imaat-povekje-iminja-6-kumovi-i-svedok-na-ragjanjeto-tradicii-za-kralskite-deca-03.jpg

Во породилната сала мора да има сведок

Ова барање за сведок при породувањето постои за да има некој да потврди дека раѓањето на кралско дете навистина се случило. Овој обичај завршил пред раѓањето на принцот Чарлс.

Татковците не смееле да присуствуваат на породувањето

Со векови постоело правилото дека породувањето е настан само за жени и татковците чекале надвор, сè до раѓањето на принцезата Шарлот.

Кралските деца учеле од дома

Кралицата Елизабета била домашно школувана, но војвотката од Кембриџ одлучила принцот Џорџ и принцезата Шарлот да ги пушти во училиште.

За државни училишта не станувало ни збор

Принцот Џорџ неодамна започна да оди во елитно приватно училиште во Лондон.

imaat-povekje-iminja-6-kumovi-i-svedok-na-ragjanjeto-tradicii-za-kralskite-deca-04.jpg

Принцезата Дијана прва го прекршила правилото за државно училиште

Принцот Вилијам бил прв наследник на тронот кој одел во државно училиште.

Бабите и дедовците кои не се кралски членови биле запоставени

Сепак, ова правило е променето во модерно време. Во минатото кралските деца биле спречени да се зближуваат со баба и дедо ако не се членови на британското кралско семејство.

imaat-povekje-iminja-6-kumovi-i-svedok-na-ragjanjeto-tradicii-za-kralskite-deca-05.jpg

Соопштение за раѓање на дете е прикажано на триножник пред Бакингемската палата

Сепак, Кејт одлучи раѓањето на принцот Џорџ да го соопшти преку имејл и Твитер пред да биде поставено на триножникот.

imaat-povekje-iminja-6-kumovi-i-svedok-na-ragjanjeto-tradicii-za-kralskite-deca-06.jpg

Соопштението се пишувало рачно, а сега се куца

Докторите во болницата го потпишуваат и се доставува до палатата со автомобил.

imaat-povekje-iminja-6-kumovi-i-svedok-na-ragjanjeto-tradicii-za-kralskite-deca-07.jpg

Кралските деца имаат 3-4 имиња

Целосното име на принцот Џорџ е Џорџ Александар Луис, а на принцезата Шарлот – Шарлот Елизабет Дијана.

Кралските деца имаат официјална титула

На пример, точна титула кога се обраќате на кралско дете е Негово/Нејзино височество принц или принцеза (името) од Кембриџ.

imaat-povekje-iminja-6-kumovi-i-svedok-na-ragjanjeto-tradicii-za-kralskite-deca-08.jpg

Кралицата мора да биде меѓу првите луѓе известени за раѓањето

Според протоколот, принцот Вилијам од шифриран телефон ѝ се јавил на неговата баба за раѓањето на принцот Џорџ.

imaat-povekje-iminja-6-kumovi-i-svedok-na-ragjanjeto-tradicii-za-kralskite-deca-09.jpg

И татковците добиваат отсуство

Принцот Вилијам добил неплатено „татковско отсуство“ за раѓањето на двете деца.

imaat-povekje-iminja-6-kumovi-i-svedok-na-ragjanjeto-tradicii-za-kralskite-deca-10.jpg

Кралските деца имаат свои миленици

Принцот Вилијам е фотографиран со неговото пони во детството.

imaat-povekje-iminja-6-kumovi-i-svedok-na-ragjanjeto-tradicii-za-kralskite-deca-11.jpg

Полот на детето не се открива пред раѓањето

Оваа традиција не е прекршена дури ни од принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон.

Крштевањето е неколку дена или недели по раѓањето

И ова е нивното прво јавно појавување, иако најчесто пристапот на медиумите им е забранет.

imaat-povekje-iminja-6-kumovi-i-svedok-na-ragjanjeto-tradicii-za-kralskite-deca-12.jpg

Кралските деца имаат околу 6 кумови

Принцот Џорџ има 7, а принцезата Шарлот 5 кумови.

Но, и покрај сите традиции, понекогаш некои правила е во ред да се прекршат

imaat-povekje-iminja-6-kumovi-i-svedok-na-ragjanjeto-tradicii-za-kralskite-deca-13.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg