Не сака трудничка облека и не го знае полот: Клои Кардашијан зборува за бременоста во шоуто на Елен
- Детали
- четврток, 04 јануари 2018
Откако официјално ја потврди бременоста и откри кога треба да се породи, Клои Кардашијан за првпат се појави во шоу.
33-годишната ријалити ѕвезда во шоуто на Елен Деџенерис беше облечена во тесен бел фустан со долга бела наметка и изгледаше прекрасно, а водителката ја најави како „најновата бремена Кардашијан сестра“.
Таа откри дека во првата тримесечнина се соочувала со труднички мачнини.
„Сега ми е тешко да дишам, но освен тоа, добро сум.“ – изјави Клои, која призна дека губела воздух на патот до нејзиното столче на сцената.
Што се однесува до стајлингот пак, Елен забележа дека таа не носи трудничка облека, за што Клои изјави дека се труди да не носи таква облека што е можно подолго.
Секако, ѕвездата беше прашана и за полот на детето, но изјави дека сѐ уште не го знаат, а вели дека ако биде момче, ќе се вика Тристан Томпсон Џуниор, а ако биде девојче, името ќе започнува на Т или К.
Кардашијан сестрата, исто така откри дека веста ја објавила на Инстаграм бидејќи сакала да напише нешто срцепарателно, а за одложувањето изјави: „Сакав да го направам во свое време и кога јас ќе се чувствувам пријатно“.
Тие зборуваа и за планови за свадба со Тристан, но Клои признава дека не сака да се брза со тоа, бидејќи избрзала некои други работи претходно.
Наскоро очекуваме и видео од целото гостување на Клои Кардашијан во шоуто на Елен, каде ќе можете да ги слушнете сите нејзини одговори.
М. М. | Црнобело