Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кејт Мидлтон носи позајмен ѓердан од кралицата Елизабета, кој го носеше и принцезата Дијана

Ѓердан што влезе во историјата. Три генерации на моќни жени го носат истото парче накит.

skapoceno-nasledstvo-gjerdanot-od-biseri-na-kralicata-go-noseshe-dijana-asega-i-kejt-midlton-01.jpg

Во понеделникот принцот Хари, принцот Вилијам и Војвотката од Кембриџ се појавија во Виндзор замокот  за да ја прослават 70-тата годишнина од брак на кралицата Елизабета и принцот Филип.

Внуците на кралицата и Кејт беа уловени од папарацо фотографите како пристигнуваат на прославата за платинумската свадба. За оваа пригода, Кејт носеше елегантен ѓердан од бисери со дијамант во комбинација со фустан од црна тантела.

skapoceno-nasledstvo-gjerdanot-od-biseri-na-kralicata-go-noseshe-dijana-asega-i-kejt-midlton-04.jpg

Фустанот од Diane Von Furstenberg, Кејт го носеше и пред неколку седмици на една гала вечера, како и во 2014 година на еден кралски настан.

Инаку ѓерданот на вратот на Кејт припаѓа на кралицата и таа го носи за првпат. Овој впечатлив ѓердан го има носено и принцезата Дајана на настан во Hampton Court Palace во 1982.

skapoceno-nasledstvo-gjerdanot-od-biseri-na-kralicata-go-noseshe-dijana-asega-i-kejt-midlton-03.jpg

Кралицата, исто така, го има носено ова парче накит во неколку пригоди, меѓу кои и при посетата на Бангладеш во 1983 година, една година откако и го позајми на Дијана.

skapoceno-nasledstvo-gjerdanot-od-biseri-na-kralicata-go-noseshe-dijana-asega-i-kejt-midlton-02.jpg

На 70-годишнината од бракот на кралицата Елизабета и принцот Филип не присуствуваше Меган Маркл, девојката на принцот Хари.

Кејт беше фотографирана со принцот Вилијам при пристигнувањето на свеченоста:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...
Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg